12 октомври (настани)
шаблон на Викимедија
539 п.н.е. | Персискиот цар Кир од Ахеменидската династија го освоил Вавилон. |
1492 | Прочуениот Италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три брода : „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања. |
1822 | Бразил се стекнува со независност. Дотогаш оваа земја била португалска колонија. |
1941 | Во Прилеп, бугарската полиција уапсила 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето биле издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и префрлени во Битола, а потоа изведени пред суд. |
1941 | На денешен и утрешен ден, германските нацисти стрелале 11.000 Евреи во Днепропетровск, Украина. |
1964 | СССР го лансирал вселенскиот брод „Восход-1“ со пилотот Владимир Комаров, научникот Константин Феоктисов и лекарот Борис Егоров. |
1969 | СССР го лансирал вселенскиот брод „Сојуз-7“ со екипаж од три члена, кои во вселената се сретнале со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод „Сојуз-6“. |
1994 | Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започнала изградбата на железничката пруга Куманово - Бељаковци - Деве Баир. Започнат како брзо решение против блокадата кон Србија и Грција, проектот не е завршен ни по 14 години. |
1995 | На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија била премина во редовно членство. |
1999 | На овој ден е прогласено раѓањето на 6-милијардитиот жител на планетата Земја. |