Апхаски јазик
Апхаски (Аҧсуа бызшәа) — северозападен кавкаски јазик. Јазикот се зборува во Абхазија и е мајчин јазик на Абхазите. Јазикот е сроден со абазгискиот јазик. Јазикот е службен јазик во Абхазија и го зборуваат околу 100.000 луѓе.
Апхаски јазик | |
---|---|
Аԥсуа бызшәа; аԥсшәа | |
Изговор | Апсуа бизшва |
Застапен во | Абхазија [1] |
Народ | Абхази |
Говорници | (113 во 1993 г.)e18 |
Јазично семејство | северозападни кавкаски
|
Дијалекти | абживански
бзипски
саѕиски
|
Писмо | апхаска азбука |
Статус | |
Службен во | Абхазија |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ab |
ISO 639-2 | abk |
ISO 639-3 | abk |
Класификација
уредиАпхаскиот е дел од семејството на северозападни кавкаски јазици. Заедно со сродниот абазгиски тие сочинуваат посебна подгрупа на ова јазично семејство. Овие два јазика граматички се многу случно, но постојат одредени мали разлики во поглед на фонологијата.
Распоространетост
уредиАпхаскиот се зборува во Абхазија. Покрај Абхазија, јазикот се зборува и меѓу апхаската дијаспора, поточно во Турција, Сирија, Ирак, Јордан, Грузија и делови на поранешен СССР. Сепак бројот на луѓе кои го зборуваат јазикот во дијаспората е непознат.
Дијалекти
уредиАпхаскиот е поделен на три главни дијалектни групи:
- абживански - дијалектот се зборува на Кавказот
- бзипски - дијалектот се зборува во одредени делови на Кавказот и Турција.
- саѕиски - дијалектот се зборува во Турција.
Стандардниот апхаски јазик се заснова на абживанскиот дијалект.
Наводи
уредиЛитература
уреди- Chirikba, V. A. (1996) 'A Dictionary of Common Abkhaz'. Leiden.
- Chirikba, V. A. (2003) 'Abkhaz'. – Languages of the World/Materials 119. Muenchen: Lincom Europa.
- Hewitt, B. George (2010) 'Abkhaz: A Comprehensive Self Tutor' Muenchen, Lincom Europa ISBN 978-3-89586-670-8
- Hewitt, B. George (1979) 'Abkhaz: A descriptive Grammar'. Amsterdam: North Holland.
- Hewitt, B. George (1989) Abkhaz. In John Greppin (ed.), The Indigenous Languages of the Caucasus Vol. 2. Caravan Books, New York. 39-88.
- Vaux, Bert and Zihni Psiypa (1997) The Cwyzhy Dialect of Abkhaz. Harvard Working Papers in Linguistics 6, Susumu Kuno, Bert Vaux, and Steve Peter, eds. Cambridge, MA: Harvard University Linguistics Department.
Надворешни врски
уреди- Основни работи за апхаскиот јазик
- Апхаска азбука
- Податоци за апхаскиот јазик Архивирано на 24 декември 2005 г.
- Апхаскиот на „Јазичниот музеј“
- Примери за апхаскиот јазик
- Апхаско-руски речник Архивирано на 26 април 2012 г.
- Апхаски основен лексикон
- Апхаски текстови
- Записи за апхаскиот
Оваа статија кавкаските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |