Елшан
Елшан или Елшен (грчки: Καρπερή, Карпери; до 1927 г. Έλσιανη, Елсјани[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]
Елшан Καρπερή | |
---|---|
Координати: 41°7.56′N 23°18.16′E / 41.12600° СГШ; 23.30267° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Долна Џумаја |
Општ. единица | Долна Џумаја |
Надм. вис. | 30 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 580 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа јужно од Долна Џумаја, близу десниот брег на Струма.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX и почетокот на XX век Елшан било село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Елшан (Elschan) било село со 165 домаќинства на 70 жители муслимани и 430 жители Македонци.[4][5]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал дека селото е дел од областа Овакол и напишал за него:
„ | Елшан, полско село 4 часа на запад од Сер. Најплодна почва; ги произведува сите видови производи и тутун. На З од Елшан е „Коприва ќопруси“, мост на Струма. Патот минува низ блатести места, за пазтоа мачно се патува зимно време. Во црквата „Св. Петка“ се служи на грчки. 70 куќи само Македонци.[6] Грчко училиште.[7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото (Елшенъ) брои 1.400 жители, сите Македонци христијани.[4][8]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото (Elchen) имало 248 Македонци егзархисти и 1.512 Македонци патријаршисти.[4] Во селото правела напори грчката пропаганда — работело грчко основно училиште со 1 учител и 30 ученици.[9]
На 5 март 1905 г. четата на Георги Радев влегла во Елшан и ги обиколила гркоманските водачи на чело со Васил Челебиев (Василиос Целебонис). При престрелката загинал Хараламби Дијамандиев (Хараламбос Дијамандис), а ранет е Петар Андонов (Петрос Антониу) од Кумлија.[10]
Подоцна селото го примило врховенството на Бугарската егзархија, но во февруари 1907 г. повторно станало патријаршиско со усилбите на гркоманите.[11]
Летото 1908 г. по Хуриетот 95 лица од Елшан потпишале изјава дека селото сака да премине под врховенството на Бугарската егзархија. Ова предизвикало тревога кај грчкоиот комитет во Сер, и во селото е испратен капетанот Стерјос Влахвеис, кој стасал во Елшан во недела, 23 август, со петмина андарти и ги заплашил со убиство македонските водачи. Го барал нивниот водач Димитър Аваљов, кој успеал да избега во Сер.[12][13]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. Елшан е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 1.226 жители.[3] По Првата светска војна во 1918 г. голем дел од населението се иселило во Бугарија при повлекувањето на бугарската војска, плашејќи се од грчките репресалии.[3] Така, на пописот од 1920 г. во Елшан се заведени само 265 жители.[3] На место на иселените Македонци властите довеле грчки колонисти. Според пописот од 1928 г. Елшан било етнички мешано село со 981 жители,[3] од кои 249 биле дојденци.[14]
Од 1967 до 1984 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.[15]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Ашлик[16] | Άσλήκη | Пинасмено | Πεινασμένον[17] | местност на ЈЗ од Елшан, по десниот брег на Струма[16] |
Кирим | Κιρίμ | Трапези | Τραπέζι[18] | |
Али Паша[19] | Άλή Πασά | Ктима | Κτήμα[18] | месност на ЈИ од Елшан и на С од Чучулигово[19] |
Келешка[19] | Κελέσκα | Форсарика | Φωρσάρικα[18] | месност на ЈЗ од Елшан, по десниот брег на Струма[19] |
Караагач | Καραγάτσι | Фтелија | Φτελιά[18] | |
Камински | Καμίνσκι | Камини | Καμίνι[18] | |
Кајнама[20][19] | Καϊναμάς | Термотопос | Θερμοτοπος[18] | ниви и и ливади[20] на С од Елшан[19] |
Моловка | Μολόφκα | Молоха | Μολόχα[18] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 951 | 1.033 | 1.301 | 1.237 | 1.405 | 1.271 | 1.099 | 837 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Георги Ил. Гегов — револуционер, деец на ВМОРО, загина пред 1918 г.[21]
- Иван Ангелов — борец во МОО, 26-годишен, IV чета на V Одринска дружина, ранет, носител на орденот „За храброст“ IV степен[22]
- Иван Попстоянов — борец во МОО, IV чета на V Одринска дружина[23]
- Коста Димитров — револуционер, деец на ВМОРО, починал по 1918 г.[21]
- Нашко Елшански (? – 1924) — револуционер, деец на ВМРО
- Ставро Цветков (1912 – 1943) — комунист[24]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 253–254. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 841.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
- ↑ „Ιστορικό Ημερολόγιο Σερρών“ (PDF). Δημόσια Κεντρική Βιβλιοθήκη Σερρών. Посетено на 11 декември 2014.
- ↑ Македоно-одрински преглед, година ІІ, брой 31, София, 18 март 1907, стр. 492..
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов. „Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX – началото на ХХ век“, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 233.
- ↑ Даскалов, Георги. „Българите в Егейска Македония, мит или реалност“, Македонски научен институт, София, 1996, стр.87
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 1 ноември 2018.
- ↑ 16,0 16,1 Serrai GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)
- ↑ „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 18,5 18,6 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1043. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 19,5 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 20,0 20,1 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 130.
- ↑ 21,0 21,1 Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 106.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 27. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 584. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 21 март 2012. Посетено на 5 октомври 2011.