Окаринадувачки инструмент со долгнавест облик кој потсетува на птичја глава.[1]

Окарина
Окарина
Окарина
Класификација
Сродни инструменти

Историјат

уреди

Окарината е позната ширум светот, од Латинска Америка до Кина. Во Европа ја донеле шпанските конквистадори како своевиден сувенир од Новиот Свет. Италијанецот Џузепе Донати ја направил модерната окарина.[1]

Топчеста окарина во Македонија

уреди

Во Македонија е пронајдена топчеста окарина со три отвори која датира од неолитскиот период и е стара околу 6000 години.[2]

Изработена е од теракота, била пронајдена во 1989 година на археолошкиот локалитет Мраморје, Чашка, Велес. Ова е и единствен ваков инструмент пронајден во Европа.

Окарината и покрај староста е сè уште функционална и на неа може да се свири. Тоа го покажал македонскиот музичар Драган Даутовски.

Структура

уреди

Се изработува од печена глина или порцелан. Тонскиот опсег главно ѝ е октава. Со пребирање со прстите по дупчињата се добива саканиот тон.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 A. Gojković: »Okarina«, u: Narodni muzički instrumenti, str. 140
  2. Македонски документи: Топчеста окарина