Сретсело (Чашка)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Сретсело

Карта

Местоположба 41°39′2″N 21°39′43″E / 41.65056° СГШ; 21.66194° ИГД / 41.65056; 21.66194
Основни податоци
Место Чашка
Општина Чашка
Тип

 некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Сретселоархеолошко наоѓалиште во велешкото село Чашка. Претставува средновековна некропола. Во непосредната близина на училиштето и на старата општинска зграда, при изведувањето на градежни работи пред Втората светска војна се откриени гробови со конструкција од камени плочи, со насоченост исток-запад. Археолошкиот музеј во Скопје извршил заштитни ископувања, при што во 5 гроба се најдени гробни прилози - украсни предмети.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 88, ISBN 9789989101069