Хереон (Чашка)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Хереон

Поглед на гробницата Хереон во месноста Сулинар кај Чашка

Карта

Местоположба 41°41′12″N 21°41′58″E / 41.68667° СГШ; 21.69944° ИГД / 41.68667; 21.69944
Основни податоци
Место Чашка
Општина Чашка
Тип

 некропола


Период римско време
Портал „Археологија“

Хереон или Хероон) — гробница - мавзолеј од римско време откриена на археолошкото наоѓалиште на населбата Сулинар од истиот период[1], во непосредната близина на населбата Чашка.

Местоположба

уреди
 
Поглед на ископините на гробницата

Наоѓалиштето лежи на 200 метри северно од селото на десната страна од железничката пруга за Велес, на блага падина што се спушта кон реката Тополка[1]. Пристапот е многу поволен, бидејќи на само педесетина метри се наоѓаат последните новоизградени куќи до кои води асфалтираната улица „Ацо Шопов“, а веднаш до ископините минува колски пат, бидејќи се наоѓаат во обработени ниви со тутун и лозја. На површина од 1,5 хектар се среќаваат голем број парчиња и делови (фрагменти) од керамички садови и многу градежен материјал[1].

Пронајдоци

уреди

Во средишниот дел на ова наоѓалиште се гледаат ѕидови од објект со кружна основа и со пречник од 14-15 метри[1]. Овде е најдена и стела со старогрчки натпис и релјеф, која што се чува во народниот музеј во Велес[1]. Мавзолејот, единствен таков објект во Македонија, пронајден во наоѓалиштето Сулинар-Чашка, го сочинуваат комплекс од седум гроба[2]. Врз основа на фрагментите од архитектонската декорација може да се претпостави дека мавзолејот е од 5 век[2]. Монументалноста на градбата укажува дека бил сопственост на локален властелин[2]. На подовите се пронајдени мозаици со цртежи на геометриски форми[2], додека на ѕидовите околу гробните места има цртежи кои потекнуваат од подоцнежниот средновековен период.

Опис

уреди

Гробницата - мавзолеј Хереон е ѕидана од мермерни блокови на носечката конструкција и ѕидови од кршен камен и керамика поврзани со вар и малтер, додека сводовите се во целост изградени од ќерамиди - тегули. Во гробницата се влегува преку неколку скали кои преку подземна врата влегуваат во главниот дел во кој се наоѓаат 3 погребни места - лежишта. Погребните комори се специјални изработени со одводни канали во косина, преку коишто истекувала сета течност од распаѓањето на балсамираните тела на покојниците. На ѕидовите покрај трите погребни места - комори, има вдлабнатини кои се изработени за во нив да може да стои оган за осветлување. Во левиот и десниот агол крај влезот од внатрешната страна има отвори на два мали ходници - тунели, преку кои се спуштале дарови, храна и жртви за погребаните покојници. Врз основа на богатата изработка и многубројните ретки пронајдени артефакти како раскошен накит, археолозите претпоставуваат дека во оваа гробница бил погребан некој важен и моќен римски великодостојник или заповедник со своето семејство.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Коцо, Димче (1996). „V“. Археолошка карта на Република Македонија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 85.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Печков, Петар (2001). „Откриени редок ранохристијански мавзолеј и темели од црква“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 15 октомври 2015.

Надворешни врски

уреди