Мраморје (Чашка)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Мраморје

Карта

Местоположба 41°37′00″N 21°31′00″E / 41.61667° СГШ; 21.51667° ИГД / 41.61667; 21.51667
Основни податоци
Место Чашка
Општина Чашка
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Мраморјеархеолошко наоѓалиште во велешкото село Чашка. Претставува населба од неолитското време. Се наоѓа на 300 метри југозападно од населбата на левиот брег на реката Тополка, од двете страни на патот за Отиштино, на простор од околу 300 × 50 м се среќаваат фрагменти од рачно изработени керамички садови како и камени и орудија изработени од кремен. Во 1990/91 година се извршени посебни ископувања при што била пронајдена повеќеслојна населба од средниот неолит (Анзабегово – Вршник IV) и доцниот неолит (Зелениково II).[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069]