Чаир (Костурско)
Чаир или Ливада (грчки: Λιβάδια Τούχουλης, Тухолски Ливади, или Τσαϊρ) — поранешно село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.
Чаир | |
---|---|
Координати: 40°23.3′N 20°55.21′E / 40.3883° СГШ; 20.92017° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Нестрам |
Надм. вис. | 1.200 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во северните делови на планината Грамошта, западно над Тухол, крај изворите на една од притоките на Бистрица (Белица).[1]
Историја
уредиСпоред грчки преданија, во подрачјето на запад од Тухол постоел византиски манастир посветен на Пресвета Богородица Живоносен Извор. Во XVII и XVIII век, овој, заедно со соседниот „Св. Захариј“ биле манастири на големото просперитетно село Линотопи.[2]
Манастирите се уништени од Али-паша Јанински заедно со Линотопи, и во XIX век на тоа место се доселиле Албанци-муслимани сточари, кои го создале малото селце Чаир,[2][3] Овие доселеници ги малтретирале христијаните во соседното село Тухол.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чаирлар се води како чисто турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 4 куќи.[4]
За време на Илинденското востание на 3 септември 1903 г. во селото влегла четата на Васил Чакаларов и по борба со мештаните, тој го изгорел бидејќи во селото имало богати бегови кои биле јатаци на муслиманските разбојници по христијанските села.[5]
За време на Првата балканска војна на 11 ноември 1912 г. грчката армија влегла во Костур, а турската се повлекла кон Горица (Корча). Во Тухол пристигнала 50-члена грчка чета на чело со Димитрис Кордистас, со намера да ги запали муслиманските села Чаир, Загар и Фуша, и успеала да го опожари Чаир. Меѓутоа, во Загар дошол Сали Бутка до двајцата синови и четата од 200 души, па настапил кон Чаир и потоа кон Тухол, притоа делумно запалувајќи го. На 2 декември грчката армија ги разбила турските единици кај Смрдеш и V Дивизија напреднала кон Шак. Капетаните Никола Белов и Суљо во Јановени се обиделе да му дадат отпор на Бутка, но жителите на Јановени, Слимница и Пилкати пребегнале во Калевишта и Нестрам. Албанците на Сали Бутка и жители на Видово влегле во Јановени и на 3 и 4 декември и го опљачкале. Потоа жителите на албанските села Загар и Фуша пребегнале во Ерсека, а грчката војска влегла во Чаир.[3]
Во Грција
уредиНа првиот грчки попис од 1913 г. Чаир се води со 25 жители. Подоцна селото исчезнува од евиденција. Жителите на Тухол на ова место ја изградиле црквата „Живоносен Извор“, која до денес се нарекујва манастир.[2]
Според Тодор Симовски, денес ова е колибарска населба на Власи сточари кои летно време ги пасат овците на пасиштата на Грамошта, а зиме се враќаат во Тесалија.[1]
Наводи
уреди- ↑ Отиди кај: 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 28. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Отиди кај: 2,0 2,1 2,2 „Τα μοναστήρια της Καστοριάς (μέρος 1ο)“. Ιστορικά Καστοριάς. 14 декември 2010. Посетено на 30 јуни 2017.
- ↑ Отиди кај: 3,0 3,1 3,2 „Η Ιστορία του Πεύκου“. Pefkos.gr. Посетено на 26 јануари 2021.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 101.
- ↑ Освободителната борба въ Костурско (до 1904 г.). По спомени на Пандо Кляшевъ. Съобщава Л. Милетичъ. София: Материяли за историята на македонското освободително движение, Издава Македонскиятъ Наученъ Институтъ, Книга II, Печатница П. Глушковъ. 1925. стр. 134.