Фуша
Фуша или Фусија (грчки: Φούσια или Φούσα, Фуса; влашки: Fusa; албански: Fushëz/Fushëza) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.
Фуша Περιστερά | |
---|---|
Координати: 40°26.31′N 20°51.32′E / 40.43850° СГШ; 20.85533° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Нестрам |
Надм. вис. | 1.061 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во северното подножје на планината Грамошта, околу 5 км западно од Јановени и исто толку северозападно од Омотско. Лежела крај изворот на една од притоките на реката Белица.[1]
Историја
уредиНа почетокот на XVIII век Фуша било влашко село в Костурската каза. Уништено е во времето на Али-паша Јанински и во него потоа се населиле Албанци муслимани.[2] За време на Илинденското востание селото е панаднато од големата чета на Васил Чакаларов кој водел борба со тамошниот башибозук.[3] По Втората балканска војна во 1913 г. Фуша е припоена кон Грција.
По Првата светска војна жителите се иселиле и селото се запустило.[2]
За време на Грчката граѓанска војна во 1946 г. во Фуша е изградена воената црква „Св. Атанасиј“, обновена во 1997 г.[2]
Наводи
уреди- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 46.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Γιαννοχώρι - Λιβαδοτόπι“. Ελλάδος Περιήγηση. Посетено на 23 декември 2015.
- ↑ Дневник на Киряк Шкуртов, во: Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр. 65.