Видово (Албанија)
Видово (албански: Vidohovë, Видохова или Vidovë, Видова) — село во општината Девол на Горичката област, југоисточна Албанија.
Видово Vidohovë | |
---|---|
село | |
Координати: 40°28′43″N 20°56′7″E / 40.47861° СГШ; 20.93528° ИГД | |
Земја | Албанија |
Област | Горица |
Општина | Девол |
Општ. един. | Божиград |
Надм. вис. | 1.055 м |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | DV |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во горното течение на реката Девол, во мала котлина помеѓу планините Грамошта и Морава, околу 18 км југоисточно од градот Горица, на надморска височина од 1.055 м. Сместено е во непосредна близина на границата со Грција, западно од поранешното село Калевишта во Костурско.[1]
Историја
уредиОд името на селото се гледа дека првично било македонско. Во даночните записници од средината на XV век Видохово е споменато со 19 глави на семејства и двајца неженети: Андрија, Михал, Алекса, Стефан, Јано, Јован, Дабижив, Мирко, Домнико, Јорг, Стефан, Калпак, Леко, Никола, Папа Димитри, Никола, Димитри, Новак, Тодор и една вдовица Мара. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.283 акчиња.[2]
Според преданијата на старите слимничани Вангел Пржинков, Пандо Главиновски, Чомо Терзицки и Вангеле Синатковски, запишани по Граѓанската војна, повеќето семејства на селото водат потекло од Епир и од селата Чета, Ситница, Видово и други места кои денес во Албанија.[3]
Во XIX век Видово било албанско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Видово имало 550 жители Албанци.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Видово е чисто турско село во Костурската каза со 80 куќи.[5] Истовремено се појавува и Видохово како чисто албанско село со 75 куќи во Горичката каза. Најверојатно се работи за исто село, но со податоци основани од разни извори.[6]
Грчка статистика од 1905 г. погрешно го претставува Видово како турско село со 650 жители. Во 1920 г. селото броело 644 лица.[7]
На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Видово е означено како албанско село.[8]
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Божиград.
Општествени установи
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиЏамии
- Џамија — главна селска џамија
Наводи
уреди- ↑ Видово (781236) — GeoNames
- ↑ Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 104.
- ↑ Раптис, Михалис (1977). Фолклорот на Јановенските села во Костурско. Скопје: Институт за фолклор. стр. 12.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 266. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 101.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 87.
- ↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vidova Архивирано на 26 јули 2007 г..
- ↑ Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.