Средна Азија

(Пренасочено од Централна Азија)

Средна Азија или Централна Азија — регион во Азија од Каспиското Море на запад до Средна Кина на исток, на север до Јужна Русија, а на југ до Северен Пакистан.

Средна Азија
Карта на Средна Азија
Површина4,003,400 km2 (1,545,721 ми)[1]
Население64,746,854[2]
Густина15/км2 (39/sq mi)
Држави Казахстан
 Киргистан
 Таџикистан
 Туркменистан
 Узбекистан
Ниминален БДП (2009)$ 166 милијарди
БДП по глава на жител (2009)$ 2,700

Држави

уреди
држава површина
км2
население
(2009)
густина на население
на км2
номинален БДП
во милијарди долари (2009)
БДП по глава на жител
(2009)
главен град службен јазик
  Казахстан 2,724,900 16,004,800 6 109,273 $6,823 Нур-Султан казашки, руски
  Киргистан 199,900 5,482,000 27 4,570 $850 Бишкек киргиски, руски
  Таџикистан 143,100 7,349,145 51 4,982 $766 Душанбе таџички
  Туркменистан 488,100 5,110,000 10 16,197 $3,242 Ашхабат туркменски
  Узбекистан 447,400 27,606,000 62 32,816 $1,175 Ташкент узбечки
Држави кои понекогаш се сметаат за дел од Средна Азија
држава/ територија површина
км2
население
(2009)
густина на население
на км2
главен град службен јазик
  Авганистан 647,500 31,889,923 49 Кабул паштунски, персиски
  Кина 9,640,821 1,338,612,968 139.6 Пекинг кинески
  Иран 1,648,195 76,923,300 45 Техеран персиски
  Монголија 1,564,116 2,736,800 2 Улан Батор монголски
  Пакистан 803,940 168,925,500 210 Исламабад урду, англиски
  Русија 13,000,000 141,945,966 8.3 Москва руски

Население

уреди

Во Средна Азија се вбројуваат државите: Авганистан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркметистан и Узбекистан. Заедно зафаќаат површина од 4 646 600кm². На оваа територија живеат околу 85 милиони луѓе. Се забележува дека на многу голема површина живее релативно мал број население. Причина за тоа се релјефните и климатските услови. Тоа е територија која од запад, југ и исток е граничена со планини, а на север е многу оддалечена од морето, така што врнежите во Средна Азија достигнуваат од 200мм до максимум 500мм годишно. Во отсуство на доволни количества вода се оформени пространи пустини. Со нешто поголем број население се одликуваат Авганистан и Узбекистан. Етничкиот состав на населението го претставуваат: Казаци, Руси, Туркмени, Узбеци, Киргизи, Таџици и Паштуни. Со исклучок на Авганистан, каде што се зборува пашту и се користи арапско писмо, сите други држави имаат свои јазици и користат кирилица. Покрај службените јазици се користи и рускиот јазик. Населението во Средна Азија е со исламска веросиповед (85%), христијанска (10%) итн. Исклучок е Казахстан каде што околу 25% од населението се православни христијани.

Стопанство

уреди

Од државите на Средна Азија, според развојот на стопанството Казахстан, Узбекистан, Туркмекистан и Киргистан се слабо развиени аграрно-индустриски земји. Огромните територии со непрегледни рамници во Казахстан, Узбекистан и Туркмекистан се основа врз која се потпира земјоделското производство. Поважни земјоделски култури се пченицата, јачменот, оризот, пченката, сончогледот, памукот, виновата лоза, компирот. Посебна одлика е одгледувањето памук и свилена буба, кои како суровини се основа за извоз и развој на текстилната индустрија. Недостиг на вода се надоместува со наводнување, особено од реките Аму Дарја и Сир Дарја, кои поради преголема употреба, често не стигнуваат до Аралското Езеро, па тоа постојано се намалува. Во Средна Азија е застапено и сточарството. Главно се одгледуваат овци и кози, а од крупниот добиток - говеда, коњи, камили, јакови. Се одгледуваат и животни со ценети крзна и кожи. Карактеристично за регионот е што поседува разновидни природни богатства, како што се: нафта, земјен гас, железо, јаглен, обоени метали, полуметални руди, волфрам, уран, жива итн. Особено важно е богатството со нафта и земјен гас околу Каспиското и Араиското Езеро. Богатите наоѓалишта на јаглен, железо и обоени метали, со исклучок на Авганистан, овозможиле развој на црната и обоената металургија, на машинската индустрија, на хемиската и нафтопреработувачката индустрија. Врз основа на суровините од земјоделско и сточарско потекло се развиени гранки на лесната индустрија, како што се текстилната, прехранбената итн. Поради пустинските и планинските територии, транспортните услови во Средна Азија не се доволно развиени.

Карти

уреди

Наводи

уреди
  1. Повтршината е пресметана за петте држави.
  2. Населението е пресметано за петте средноазиски држави (1 март 2012).

Поврзано

уреди