Химна на Русија
Химна на Руската Федерација (руски: Государственный гимн Российской Федерации) е државната химна на Русија.
макед. Химна на Руската Федерација | |
---|---|
Gasudarstvenny Gimn Rossiyskoy Federatsii | |
Ноти и текст на химната. | |
Државна химна на Русија | |
Текст | Сергеј Михалков |
Музика | Александар Василевич Александров |
Усвоена | 25 декември 2000 г. (музиката) 30 декември 2000 г. (текстот) |
Звучен извадок | |
Инструментална верзија. | |
Верзија е на државната химна на Советскиот Сојуз од 1944, компонирана од Александар Василевич Александров. Текстот е променет за Руската Федерација од Сергеј Михалков, кој го напишал текстот и за верзии на советската химна во 1943 и 1977. Промената никаде не ги споменува идеите на Владимир Ленин и „нераскинливиот сојуз“ на Советската држава, а наместо тоа се задржува на земјата којашто е огромна и богата во ресурси.
Химната е ставена во употреба од доцната 2000 од претседателот Владимир Путин и ја заменила „Патриотската песна“, којашто била официјалната химна од 1990. Пред и по донесувањето на новата химна, либерални групи развиле грижи дека враќањето на советската химна ја враќа Русија во советската ера.
Историски химни
уредиПред „Молитва на Русите“ (рус. Молитва русских) да биде избрана за државна химна на Царска Русија, разни црковни химни и воени маршеви биле користени за претставување на земјата и на царот. „Молитва на Русите“ била донесена околу 1815 и била напишана од Василиј Жуковски за да може да се пее на музиката од британската химна, „Боже чувај го кралот“ (англиски: God Save the King).
Во 1833, Жуковски требало да напише текст за музичка композиција од Алексеј Фјодорович Левов наречена Молитвата на Русите. Николај I убаво ја прифатил песната и ја одбрал, под името „Боже, чувај го Царот!“ (рус. Боже, Царя храни!), за следна химна. Песната многу звучела како религиозна песна, а стилот бил сличен на оној кај химните на други европски монарси. „Боже, чувај го Царот“ била користена до Февруарската револуција, кога паднала руската монархија.
По заминувањето на царот и неговото семејство во март 1917, „Работничката Марселеза“, изменета верзија од француската химна „Марселеза“ (француски: La Marseillaise) од Петар Лавров, била користена како неофицијална химна од привремената влада. Напишана во 1875, кратко време била користена како химна. По симнувањето на привремената влада од Болшевиците во Октомвриската револуција во 1917, химната на меѓународниот револуционерен социјализам, Интернационалата (Л’интернасионал, француски: L'Internationale), станала новата химна. Од француски на руски ја превел Аркадиј Јаковлевич Коц во 1902 и била користена како химна на Болшевичка Русија од 1918, а подоцна и на новиот Сојуз на Советските Социјалистички Републики од 1922 до 1944.
Музика
уредиМузиката на државната химна, напишана од Александар Александров, била користена во неколку химни и композиции пред да стане руска химна. Првиот пат музиката е користена во химната на Болшевичката партија, создадена во 1938. Кога Коминтерната се распаѓала во 1943, се чувствувало дека Интернационалата, којашто била историски интимно поврзана со Коминтерната, морало да стане државна химна на Советскиот Сојуз. Музиката на Александров била избрана за таа цел во 1944 од советскиот водач Јосиф Сталин.
Во една дебата во 2000 година, се дискутирало дека музиката што Александров ја создал за советската химна била слична со песната Билина од Василиј Калиников. Поддржувачите на советската химна го користеле овој факт во разни дебати што се воделе во Думата околу промената на химната. Нема докази дека Александров намерно позајмил или користел делови од Билина во неговата композиција.
Текст
уреди
Руски Россия — священная наша держава, Припев: От южных морей до полярного края Припев Широкий простор для мечты и для жизни Припев |
Македонски Русија - света наша држава, Рефрен: Од јужните мориња до поларниот крај Рефрен Широк простор за мечти и за живот Рефрен |
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Химна на Руската Федерација на Викиизвор.
Оваа статија Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |