Александар Василевич Александров

Александар Василевич Александров (руски: Александр Васильевич Александров; 13 април 1883 - 8 јули 1946) — руски и советски композитор, основач на ансамблот „Александров“ и автор на химната на СССР, а од 2001 г. и химна на Русија (со друг текст). Бил доктор на науки по уметност и предавал како редовен професор на Московскиот конзерваториум. Прогласен е за Народен уметник на СССР и лауреат на Сталиновата награда.[1]

Александар Василевич Александров

Историја

уреди

Александров е роден на 13 април во с. Плахино, југоисточно од Москва. Како дете пеел толку добро што отишол во Санкт Петербург и станал хорист во Казањската катедрала. Учел компонирање кај Николај Метнер во Санкт Петербург и во Москва, каде во 1918 станал професор по музика.

Александров го основал ансамблот „Александров“ и долги години бил негов раководител, и во тоа својство на Јосиф Сталин. Хорот доживеал успех на Светскиот саем во 1937 во Париз, а во 1942 Сталин побарал од Александров и текстописецот Сергеј Михалков да создадат нова химна на СССР, која потоа била официјално усвоена на 1 јануари 1944 г. Оваа химна била во употреба сè до распадот на СССР во 1991 г. Во декември 2000 г. било одлучено истата да стане и химна на Русија, но со поинаков текст.

Александров ја искомпонирал музиката за славниот марш „Света војна“.

Починал на 8 јули 1946 на турнеја во Берлин, или (според други извори) на враќање кон Русија.[2]

Награди

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Ансамбл „Александров“: Биографија на А.В. Александров ru
  2. Точното место каде што починал Александров до денес е спорно и контроверзно.
  3. Театральная энциклопедия. Гл. ред. С. С. Мокульский Том 1. М.: Советская энциклопедия, 1961 год
  4. Музыкальная энциклопедия. Гл. ред. Ю. В. Келдыш. Том 1. М.: Советская энциклопедия, 1973 год
  5. Александар Василевич Александров на hrono.ru ru