Хејли Стајнфелд

американска глумица и пејачка

Хејли Стајнфелд (англиски: Hailee Steinfeld; родена на 11 декември 1996)[1][2] ― американска глумица и пејачка. На филмската сцена се пробила со улогата на Мети Рос во вестерн-филмот Човекот наречен храброст (2010) за кој добила многу признанија, меѓу кои и номинација за Оскар и награда БАФТА.

Хејли Стајнфелд
Хејли Стајнфелд во 2018
Роден(а)11 декември 1996(1996-12-11)(27 г.)
Лос Анџелес, САД
Занимање
  • Глумица
  • пејачка
Активен период2007–денес

Детство и младост

уреди

Стајнфелд е родена во населбата Тарзана во Лос Анџелес, Калифорнија.[3][4] Нејзиниот татко е Евреин, а мајка ѝ е христијанка.[5][6][7][8]  Нејзиниот дедо по мајка, Рикардо Домасин, бил половина Филипинец[9] и половина Афроамериканец.[10][11][12] Стајнфелд детството го поминала во Агура Хилс, а подоцна се преселила во Таузенд Оукс, Калифорнија.[13][14]

Кариера

уреди

Филмска кариера

уреди

Стајнфелд почнала да глуми на 10-годишна возраст; се појавила во неколку кратки филмови.[15] Таа била избрана за улогата на Мети Рос во Човекот наречен храброст кога имала 13 години.[3] Филмот бил објавен во декември 2010 година; Ричард Корлис од магазинот Тајм нејзината изведба ја калсифицирал меѓу најдобрите 10 за 2010 година.[16] Добила позитивни критики и од авторите во Лос Анџелес Тајмс и Ролинг Стоун.[17] За нејзината улога во филмот била номинирана за Оскар за најдобра споредна женска улога; Оскарот го освоила Мелиса Лео.[18] Во мај 2011 година, пет месеци по објавувањето на Човекот наречен храброст, таа била избрана за ново лице на италијанскиот дизајнерски бренд Miu Miu.[19][20][21]

 
Стајнфелд на 61. Меѓународен филмски фестивал во Берлин во февруари 2011 година

Во 2011 година, на 14-годишна возраст, ѝ била доделена улогата на Јулија во Ромео и Јулија, адаптација од 2013 година на истоимената трагедија на Шекспир.[22] Улогата прво била замислена за 22-годишна глумица; имало загриженост за голотијата во филмот, но режисерот објаснил дека откако Стајнфелд ја добила улогата, сценариото било прилагодено за да биде соодветно на возраста.[23] Филмот бил објавен во октомври 2013 година и добил лоши критики во САД и во странство.[24] Стајнфелд, исто така, ја глумела Петра Арканијан во „Играта на Ендер“ , научно-фантастичен акционо-авантуристички филм базиран на книгата од Орсон Скот Кард . Филмот бил објавен на 1 ноември 2013 година.[25]

Стајнфелд ја играла Вајолет, една од главните улоги во романтичната драма Почни повторно.[26] Во 2014 година, било најавено дека Стајнфелд ќе ја глуми Мин Грин во екранизацијата на романтичната комедија од Даниел ХендлерЗошто раскинавме“, но филмот не бил пуштен во продукција.[27]

На Стајнфелд ѝ била доделена улогата на Елиза во филмската адаптација на Десет илјади светци; Филмот премиерно бил прикажан на 23 јануари 2015 година на филмскиот фестивал Санденс. Стајнфелд требало да ја игра главната женска улога во филмот „За кучињата“ од 2015 година, но била заменета со глумицата Ема Робертс.[28] Пролетта 2014 година, Стајнфелд раскажувала како гласот на Ана Франк за изложбата за Франк во Музејот на толеранција.[29] Во март 2015 година, Стајнфелд била една од глумците кои ги позајмиле гласовите за синхронизацијата на англиски јазик на јапонскиот анимиран филм Кога Марни беше таму.[30]

Стајнфелд се појавила и во спотот за песната „Bad Blood“ од Тејлор Свифт со Кендрик Ламар. Видеото било премиерно прикажано на церемонијата на доделување на Billboard Music Awards на 17 мај 2015 година, а ја освоило наградата за видео на годината на MTV Video Music Awardѕ.[31] Стајнфелд глумела во филмот со ограничено прикажување „Тајна Агенција“ (Barely Lethal). Филмот бил режиран од Кајл Њуман и бил објавен на 29 мај 2015 година.[32] Стајнфелд глумела во На пат до ѕвездите 2 (<i id="mw-Q">Pitch Perfect 2</i>), заедно со Ана Кендрик, Ребел Вилсон и Елизабет Бенкс, која исто така била режисерка.[33] Стајнфелд извела некои од нејзините песни за претставник од Republic Records на настан во Њујорк, а издавачката куќа потпишала договор со неа.[34] Во мај, Republic Records го објавила договорот за снимање и навеле дека Стајнфелд работи на нејзиното прво издание.[35]

Во септември 2016 година, Стајнфелд ја играла главната улога во На раб на седумнаесет (The Edge of Seventeen), комедија во која покрај неа глумат и: Блејк Џенер, Вуди Харелсон и Кира Сеџвик, а сценариото и режијата е од Кели Фремон Крег.[36][37][38] Филмот бил објавен на 18 ноември 2016 година, со позитивни критики; Настапот на Стајнфелд бил пофален и ѝ донел номинација за наградата Златен глобус.[39][40]

Стајнфелд, во 2017 година ја повторила нејзината улога како Емили Џанк во На пат до ѕвездите 3 (Pitch Perfect 3).[41][42] Стајнфелд ја играла и Емили Дикинсон во хумористичната серија Дикинсонови[43] на Apple TV+, која се емитувала од 1 ноември 2019 година. Во декември 2020 година, таа ја добила улогата на Кејт Бишоп во серијата Hawkeye од Marvel Cinematic Universe.[44]

Во 2023 година, Стајнфелд ја повторила гласовната улога на Гвен Стејси / Спајдер-Гвен во Spider-Man: Across the Spider-Verse . Таа треба да ја повтори улогата во неговото продолжение, Spider-Man: Beyond the Spider-Verse.[45]

Музичка кариера

уреди
 
Стајнфелд фотографирана во 2015 година на модната недела во Њујорк

Во јули 2015 година, Стајнфелд и пејачот Шон Мендес објавиле акустична верзија од синглот на Мендес, „Sitches“. Следниот месец, Стајнфелд го издала нејзиниот прв сингл „Love Myself“.[46][47]

Првото EP на Стајнфелд, Haiz (име кое за неа го користат нејзините обожаватели), било објавено во ноември 2015 година и добило генерално позитивни критики.[48][49][50] Во февруари 2016 година, Стајнфелд објавила ремикс верзија на „Rock Bottom“, како втор сингл со американската фанк-поп група DNCE.[51] Следниот сингл на Стајнфелд, „Starving“, бил објавен во јули 2016 година.[52] Песната е соработка со Греј во која настапува Зед и е нејзин најголем хит досега и станал платинест во Италија, Нов Зеланд, Шведска, Обединетото Кралство и САД, а исто така станал двојно платинест во Австралија и тројно платинест во Канада.[53]

На почетокот од 2017 година, Стајнфелд се појавила во две песни: „Show You Love“ и „Digital Love“.[54][55] Во март, Стајнфелд била вклучена во синглот на американскиот рапер Машин Ган Кели „At My Best“ преземен од неговиот трет студиски албум Bloom.[56][57] Еден месец подоцна, Стајнфелд го издала нејзиниот следен сингл „Most Girls“.[58] Песната добила позитивни критики и се искачила на 58-мо место на топ-листата Billboard Hot 100 во САД.[58][59] Во септември 2017 година, Стајнфелд го издала синглот „Let Me Go“, кој достигнал 14 место на топ-40 мејнстрим листата.[60][61]

На 12 јануари 2018 година, Стајнфелд ја издала песната „Capital Letters“ за саундтракот на филмот Педесет нијанси ослободени.[62] Песната била примена со позитивни критики и се искачила на 12-то место на топ-листата Bubbling Under Hot 100 Singles.[63] Во март 2018 година, Стајнфелд открила дека „привршува“ со работата на нејзиниот прв студиски албум.[64]

Кон крајот на 2018 година, Стајнфелд глумела во спин-офот на Трансформери, Бамблби,[65] и го позајмила гласот на Гвен Стејси/Spider-Woman во анимираниот филм награден со Оскар, Спајдермен: Нов свет (Spider-Man: Into the Spider-Verse).[66] Во ноември, нејзината песна „Back to Life“ била објавена како сингл од саундтракот за Бамблби.[67] Истиот месец, била домаќин и настапила на MTV Europe Music Awards во Билбао.[68]

Стајнфелд објавила два сингла во 2020 година, „Wrong Direction“ и „I Love You's“. Тие биле прв и втор сингл, соодветно, од нејзиниот EP Half Written Story, кој бил објавен на 8 мај 2020 година.[69] ЕП добило мешани критики, а критичарите го пофалиле гласот, самодовербата и ранливоста на Стајнфелд, но ја критикувале музиката.[69][70][70][71] На 28 мај 2020 година, Стајнфелд објавила сингл со тајванскиот пејач Чен Линонг, под наслов „Masterpiece“.[72]

Во јули 2022 година, Стајнфелд ја објавила песната „Coast“.[73] Музичко видео премиерно било прикажано на Фејсбук на 9 ноември 2022 година.[74][75] Акустична верзија била објавена на 7 декември 2022 година.[76] Во март 2023 година, Стајнфелд го објавила „SunKissing“ за кој Ролинг Стоун напишал позитивни критики.[77][78]

Дискографија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Hailee Steinfeld Answers the Web's Most Searched Questions | WIRED“. YouTube. Архивирано од изворникот на November 30, 2021. Посетено на November 30, 2021.
  2. Riley, Jenelle (December 13, 2010). „A Girl With 'Grit'. Backstage. Архивирано од изворникот на December 23, 2010. Посетено на December 20, 2010.
  3. 3,0 3,1 Strauss, Bob (December 18, 2010). „Thousand Oaks teen Hailee Steinfeld earns nods for big role in 'True Grit'. Los Angeles Daily News. Архивирано од изворникот на January 7, 2011. Посетено на January 7, 2011. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „DailyNews“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. Garza, Oscar (February 25, 2011).
  5. Berk, Philip (January 12, 2017). „This actress is destined for greatness“. Star2-com. Архивирано од изворникот на April 27, 2018. Посетено на April 26, 2018.
  6. Tanenbaum, Gil (January 11, 2015). „Hailee Steinfeld To Star In Carrie Pilby“. Jewish Business News. Архивирано од изворникот April 27, 2018. Посетено на April 26, 2018.
  7. Tugend, Tom (January 27, 2011). „Coens' 'Grit' at top of Oscar list, with a king and a social networker“. The Jewish Journal of Greater Los Angeles. Архивирано од изворникот January 28, 2011. Посетено на March 1, 2011.
  8. Brown, Hannah (October 4, 2019). „Oscar-nominated actress and singer Hailee Steinfeld visits Israel“. Jerusalem Post. Архивирано од изворникот October 4, 2019. Посетено на October 4, 2019.
  9. „Hailee Steinfeld hopes to visit Bohol | Inquirer Entertainment“. Entertainment.inquirer.net. September 28, 2013. Архивирано од изворникот October 22, 2013. Посетено на May 2, 2014.
  10. Abad, Paolo (April 6, 2016). „WATCH: Hailee Steinfeld on connecting with her Filipino roots“. Rappler. Архивирано од изворникот April 27, 2018. Посетено на April 26, 2018.
  11. Malcolm, Shawna (September 2016). „Bright Star“. Seventeen. стр. 112. My grandfather, my mom's dad, was half African-American, half Filipino.
  12. „Hailee Steinfeld hopes to visit Bohol“. September 28, 2013. Архивирано од изворникот December 18, 2018. Посетено на December 17, 2018.
  13. Strauss, Bob (December 18, 2010). „Thousand Oaks teen Hailee Steinfeld earns nods for big role in 'True Grit'. Los Angeles Daily News. Архивирано од изворникот January 7, 2011. Посетено на January 7, 2011.
  14. Lee, Michael J. (December 9, 2010). „Hailee Steinfeld on 'True Grit'. RadioFree.com. Архивирано од изворникот January 20, 2011. Посетено на January 10, 2011.
  15. Davis, Erik (January 17, 2011). „Watch Hailee Steinfeld's 'Wonder Years'-esque Short, 'She's a Fox'. Moviefone. Aol. Архивирано од изворникот на March 21, 2011. Посетено на January 14, 2021.
  16. Corliss, Richard (December 9, 2010). „The Top 10 Everything of 2010 - Hailee Steinfeld as Mattie Ross in True Grit“. Time. Архивирано од изворникот на December 20, 2011. Посетено на December 13, 2011.
  17. True Grit Reviews:
  18. „Oscar nominations 2011 in full“. BBC News. January 25, 2011. Архивирано од изворникот на January 25, 2011. Посетено на January 25, 2011.
  19. Wilkinson, Isabel (May 16, 2011). „Hailee Steinfeld as Miu Miu's New Muse“. The Daily Beast. Архивирано од изворникот на June 10, 2011. Посетено на February 27, 2012.
  20. „Hailee Steinfeld: The New Face of Miu Miu!“. E!. May 16, 2011. Архивирано од изворникот на June 29, 2011. Посетено на February 27, 2012.
  21. Празен навод (help)
  22. „Hailee Steinfeld Cast As Juliet: Wherefore Art Thou Romeo?“. MTV. January 14, 2011. Архивирано од изворникот на January 18, 2012. Посетено на February 27, 2012.
  23. Празен навод (help)
  24. Stevens, Dana (2013). „Jullian Fellowes' Romeo and Juliet: Star-Crossed Lovers With No Chemistry“. Slate. Архивирано од изворникот на April 1, 2014. Посетено на May 6, 2014.
  25. West, Kelly (June 8, 2012). „Ender's Game“. cinemablend. Архивирано од изворникот на August 15, 2012. Посетено на August 23, 2012.
  26. „Can a Song Save Your Life?“. ComingSoon.net. Архивирано од изворникот на July 2, 2012. Посетено на January 12, 2012.
  27. White, James (May 22, 2012). „Why We Broke Up“. Empire. Архивирано од изворникот на November 16, 2012. Посетено на August 23, 2012.
  28. Clarendon, Dan (January 29, 2014). „Emma Roberts to Join Sam Worthington in For the Dogs, Replacing Hailee Steinfeld“. Wetpaint. Архивирано од изворникот на November 23, 2016. Посетено на May 2, 2014.
  29. „Why an Exhibit on Anne Frank?“. Museum of Tolerance.com. Архивирано од изворникот на September 20, 2014. Посетено на September 9, 2014.
  30. Milligan, Mercedes (March 5, 2015). „GKIDS Announces English Marnie Cast“. Animation Magazine. Архивирано од изворникот на March 17, 2015. Посетено на March 19, 2015.
  31. „Hailee Steinfeld Plays The Trinity in Taylor Swift's "Bad Blood" Music Video“. Headline Planet. May 10, 2015. Архивирано од изворникот на May 11, 2015. Посетено на May 10, 2015.
  32. Weintraub, Steve (June 1, 2015). „Hailee Steinfeld and Sophie Turner Talk BARELY LETHAL, PITCH PERFECT 2, and X-MEN: APOCALYPSE“. Collider (англиски). Архивирано од изворникот на January 9, 2020. Посетено на November 18, 2020.
  33. Kroll, Justin (April 30, 2014). „Hailee Steinfeld to Join 'Pitch Perfect 2'. Variety. Архивирано од изворникот на May 2, 2014. Посетено на April 30, 2014.
  34. Robinson, Peter (August 25, 2015). „Hailee Steinfeld interview: "I wasn't prepared for it to happen this quickly". Popjustice. Архивирано од изворникот на August 28, 2015. Посетено на August 28, 2015.
  35. Stutz, Colin (May 21, 2015). „Hailee Steinfeld Signs Deal With Republic Records“. Billboard. Архивирано од изворникот на May 24, 2015. Посетено на May 21, 2015.
  36. Lincoln, Ross A. (October 6, 2015). „Blake Jenner Joins Hailee Steinfeld In STX Coming-Of-Age Drama“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на October 9, 2015. Посетено на October 21, 2015.
  37. Ford, Rebecca (September 24, 2015). „Woody Harrelson, Kyra Sedgwick Join STX's Coming-of-Age Comedy ...“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на October 16, 2015. Посетено на October 21, 2015.
  38. Besties with Hailee Steinfeld starts filming in Vancouver“. What's Filming. Vancouver, British Columbia. October 21, 2015. Архивирано од изворникот на March 4, 2016. Посетено на October 21, 2015.
  39. The Edge of Seventeen Reviews“. Rotten Tomatoes. Архивирано од изворникот на August 30, 2017. Посетено на November 23, 2016.
  40. Staff (December 12, 2016). „Best Performance by an Actress in a Motion Picture - Musical or Comedy“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на December 14, 2016. Посетено на December 12, 2016.
  41. „Hailee Steinfeld Joins Bumblebee in First Transformers Spin-Off“. May 31, 2017. Архивирано од изворникот на June 13, 2018. Посетено на May 30, 2018.
  42. „Hailee Steinfeld Is The Latest Bella To Join 'Pitch Perfect 3“. MTV. Архивирано од изворникот на December 11, 2017. Посетено на December 8, 2017.
  43. Andreeva, Nellie; Petski, Denise (May 30, 2018). „Apple Orders Emily Dickinson Comedy Series Starring Hailee Steinfeld“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот December 30, 2018. Посетено на January 12, 2019.
  44. Mancuso, Vinnie (December 2, 2020). 'Hawkeye': Hailee Steinfeld Confirmed as Kate Bishop as Filming Begins“. Collider. Архивирано од изворникот December 2, 2020. Посетено на December 2, 2020.
  45. Robinson, Joanna (December 14, 2018). „Sony Finally Untangles Its Spider Web“. Vanity Fair. Архивирано од изворникот на December 14, 2018. Посетено на December 15, 2018.
  46. Празен навод (help)
  47. Russell, Erica (August 15, 2015). „Hailee Steinfeld Spreads the Love In New Video for "Love Myself". POPCRUSH. Архивирано од изворникот на August 17, 2015. Посетено на August 16, 2015.
  48. Scott, Jason (November 13, 2015). „Hailee Steinfeld Is Such A Great Pop Star With 'Haiz' Debut—EP Review“. Popdust. Архивирано од изворникот на November 15, 2015. Посетено на November 13, 2015.
  49. Zoladz, Lindsay (November 13, 2015). „Hailee Steinfeld's Haiz EP Is Fascinating For All the Wrong Reasons“. Vulture. Архивирано од изворникот на November 14, 2015. Посетено на November 13, 2015.
  50. Gharnit, Yasmeen (November 13, 2015). „Hailee Steinfeld made some sickeningly sweet pop“. Nylon. Архивирано од изворникот на November 16, 2015. Посетено на November 13, 2015.
  51. Wass, Mike (February 12, 2016). „Hailee Steinfeld Teams Up With DNCE For New Version Of "Rock Bottom". Idolator. Архивирано од изворникот на July 30, 2016. Посетено на February 12, 2016.
  52. Barner, Katherine (July 15, 2016). „Hailee Steinfeld And Zedd Release Summer Love Anthem 'Starving': Listen - Idolator“. Idolator. Архивирано од изворникот на December 11, 2016. Посетено на August 27, 2016.
  53. Bein, Kat (July 15, 2016). „Hailee Steinfeld Tastes Love With Zedd & Grey on 'Starving'. Billboard. Prometheus Global Media. Архивирано од изворникот на July 16, 2016. Посетено на July 15, 2016.
  54. BWW News Desk. „KATO & Sigala ft Hailee Steinfeld - 'Show You Love'. Архивирано од изворникот на July 12, 2019. Посетено на March 8, 2017.
  55. „Digital Love (feat. Hailee Steinfeld) - Single by Digital Farm Animals on Apple Music“. iTunes. February 3, 2017. Архивирано од изворникот на February 7, 2017. Посетено на March 28, 2022.
  56. DeVille, Chris (May 4, 2020). „Actress Hailee Steinfeld Does A Decent Pop Star Impersonation“. Stereogum. Архивирано од изворникот на May 6, 2020. Посетено на May 5, 2020.
  57. Glenn Gamboa (May 10, 2017). 'Bloom' review: Machine Gun Kelly creates own hip-hop sound“. Newsday. Архивирано од изворникот на May 12, 2021. Посетено на May 23, 2017.
  58. 58,0 58,1 Wass, Mike (April 27, 2017). „Hailee Steinfeld's "Most Girls" Is A Feisty & Empowering Anthem“. Idolator. Hive Media. Архивирано од изворникот на June 25, 2021. Посетено на May 23, 2017.
  59. Currinn, Jonathan (May 2017). „Hailee Steinfeld Wants To Be Like "Most Girls". Outlet Mag. Архивирано од изворникот на March 28, 2019. Посетено на May 23, 2017.
  60. Elizabeth, De (April 28, 2017). „Hailee Steinfeld Releases "Most Girls". Teen Vogue. Condé Nast. Архивирано од изворникот на June 3, 2017. Посетено на May 23, 2017.
  61. „Let Me Go (feat. Florida Georgia Line & watt) - Single by Hailee Steinfeld & Alesso“. iTunes. September 8, 2017. Архивирано од изворникот на June 13, 2018. Посетено на May 30, 2018.
  62. Празен навод (help)
  63. Празен навод (help)
  64. Johns, Gibson (March 7, 2018). „Hailee Steinfeld 'wrapping up' her debut album: 'I have ten more things I want to talk about!'. AOL. Архивирано од изворникот на April 27, 2018. Посетено на April 29, 2018.
  65. Hassenger, Jesse (December 14, 2018). „Bumblebee may be the best Transformers movie, but does that mean it's any good?“. The Onion. Архивирано од изворникот на December 16, 2018. Посетено на December 16, 2018.
  66. Nyren, Erin (June 6, 2018). 'Spider-Man: Into the Spider Verse' Casts Hailee Steinfeld, Mahershala Ali and Lily Tomlin“. Variety. Архивирано од изворникот на June 6, 2018. Посетено на June 7, 2018.
  67. Празен навод (help)
  68. Празен навод (help)
  69. 69,0 69,1 „HAILEE STEINFELD 'HALF WRITTEN STORY' PART 1 OF TWO-PART PROJECT OUT NOW“. Universal Music Canada. May 8, 2020. Архивирано од изворникот на May 29, 2020. Посетено на May 9, 2020.
  70. 70,0 70,1 Weiner, Natalie (May 7, 2020). „Hayley Williams' 'Petals for Armor' and Hailee Steinfeld's 'Half Written Story': Album Reviews“. Variety. Архивирано од изворникот на May 11, 2020. Посетено на May 7, 2020.
  71. Rees, Katrina (May 9, 2020). „Hailee Steinfeld gets personal on new EP 'Half Written Story'. CelebMix. Архивирано од изворникот на May 10, 2020. Посетено на May 9, 2020.
  72. „The Bridge - Chen Linong and Hailee Steinfeld“. www.brg-radio.com. Архивирано од изворникот на October 2, 2021. Посетено на October 2, 2021.
  73. Avila, Daniela (April 19, 2022). „Hailee Steinfeld Says New Song 'Coast' Is a 'Taste of What's to Come': 'Been a Long Time Coming'. People. Архивирано од изворникот на April 19, 2022. Посетено на April 19, 2022.
  74. „11/11 make a wish“. TikTok. Архивирано од изворникот на November 8, 2022. Посетено на November 8, 2022.
  75. „Hawkeye Season 2: Hailee Steinfeld's New Post Convinces Fans of Series Renewal“. The Direct. October 23, 2022. Архивирано од изворникот на November 8, 2022. Посетено на November 8, 2022.
  76. „Coast (feat. Anderson .Paak) [Acoustic] - Single by Hailee Steinfeld“. iTunes. Архивирано од изворникот на December 8, 2022. Посетено на December 8, 2022.
  77. „Hailee Steinfeld Shares New Single 'SunKissing'. ourculture. March 27, 2023. Архивирано од изворникот на April 1, 2023. Посетено на April 1, 2023.
  78. „Hailee Steinfeld Returns With Soaring 'SunKissing'. uDiscovermusic. March 24, 2023. Архивирано од изворникот на April 1, 2023. Посетено на April 1, 2023.

Надворешни врски

уреди