Почни повторно (филм)

Почни повторно (англиски: Begin Again) е американски филм од 2013 година, во режија на Џон Карни, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Кира Најтли и Марк Рафало. Притоа, Кира Најтли ги пее сите песни во филмот, а за потребите на снимањето, таа научила и да свири на гитара.[4] Премиерата на филмот била во септември 2013 година, на филмскиот фестивал во Торонто а во кината ширум светот започнал да се прикажува на 27 јуни 2014. Филмот имал заработка од преку 63 милиони долари и добил главно позитивни критики од филмските критичари. Песната Lost Star (дело на Gregg Alexander и Danielle Brisebois) била номинирана за наградата „Оскар“ за најоргинална песна.

„Почни повторно“
РежисерЏон Карни
Продуцент
СценаристЏон Карни
Настапуваат
МузикаГрег Александар
КинематографијаЈарон Орбах
МонтажаЕндрју Маркус
Студио
ДистрибутерThe Weinstein Company
Премиера27 јуни 2014 (2014-06-27) (САД)
Времетраење104 минути[1]
Држава САД
ЈазикАнглиски јазик
Буџет$8 милиони[2]
Бруто заработка$63.5 милиони[3]

СодржинаУреди

Грета (ја игра Најтли) е амбициозна млада пејачка, која заедно со своето долгогодишно момче Дејв (го игра Левин) се преселува во Њујорк, во потрага по слава. Но, таму Грета се судира само со разочарувања, зашто по постигнатиот успех Дејв ја напушта. Осамена и тажна, Грета пее во еден кафе-бар и еден ден ја забележува ловецот на таленти Ден (го игра Рафало) кој штотуку добил отказ од дискографската куќа што ја основал тој. И неговиот приватен живот е очаен, зашто му пропаднал бракот, ќерка му е бунтовна тинејџерка, а тој има проблеми и со пиењето. Воодушевен од Грета, Ден ѝ предложува да снимат албум при што песните ги снимаат на улиците во разни делови на Њујорк.[4][5][6]

УлогиУреди

НаводиУреди

  1. BEGIN AGAIN (15)“. Entertainment One. British Board of Film Classification. May 16, 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-17. Посетено на May 16, 2014.
  2. Setoodeh, Ramin (June 25, 2014). „Director John Carney Considered Casting Adele in 'Begin Again'. Variety. Посетено на October 11, 2014.
  3. „Begin Again“. Box Office Mojo. Посетено на October 8, 2014.
  4. 4,0 4,1 „HRT (пристапено на 20.4.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-06-20. Посетено на 2017-10-03.
  5. „Почни повторно“, Антена, број 888, 3.7.2015, стр. 14.
  6. „Почни пак“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 27.

Надворешни врскиУреди