Ана Кендрик

американска глумица

Ана Кук Кендрик (родена на 9 август 1985 г.) — американска глумица и пејачка.

Ана Кендрик
Ана Кендрик на Канскиот филмски фестивал во 2016
Роден(а)Ана Кук Кендрик
9 август 1985(1985-08-09)(39 г.)
Портланд, Мејн, САД
ЖивеалиштеЛос Анџелес, Калифорнија
Занимањеглумица, пејачка, писателка
Активен период1998–денес

Таа ја започнала својата кариера како глумица уште како дете во театарски претстави. Нејзина прва значајна улога била улогата во Бродвејскиот мјузикл Високо општество (1998), за која била номинирана за наградата Тони за најдобра глумица во мјузикл.[1] Првата филмска улога таа ја добила во музичката комедија Камп (2003).

Кендрик ѝ станала позната на пошироката јавност со споредната улога во Самрак (2008–12), филмската франшиза заснована на истоимениот серијал на романи на Стефани Мајер. Таа добила номинација за Оскар за најдобра споредна женска улога за нејзината изведба во Горе во воздухот (2009).

Кендрик исто така глумела во комичната драма 50/50 (2011), криминалистичката драма Последна стража (2012), мјузиклот-фантазија Во шумата (2014), и комедијата Мајк и Дејв бараат женски (2016). Таа се стекнала со популарност играјќи главна улога во музичката комедија Совршен ритам (2012) и во продолжението Совршен ритам 2 (2015). Глумела и во: Сметководител (2016) и Слатка мала тајна (A Simple Favor) (2018) и научнофантастичната комедија Ноел (2019). Таа ја толкувала главната улога во анимираните мјузикли на филмската франшиза Тролови од 2016 година. Глумела во кратката хумористична серија Dummy (2020), за која била номинирана Еми награда за серија во ударен термин во категоријата „Извонредна глумица во кратка комична или драмска серија“. Исто така, глумела и во романтичната хумористична серија Љубовен Живот (2020–2022). Нејзиното режисерско деби го имала со драмата Жена на часот (2023).

Наводи

уреди
  1. „Anna Kendrick Says Acting Is 'The Way That I Learn About Other People'. NPR. Посетено на May 11, 2020.

Надворешни врски

уреди