Човекот наречен храброст

„Човекот наречен храброст“ (англиски: True Grit) е американски вестерн-филм од 2010 година, во режија на Браќата Коен, кои се и сценаристи и продуценти. Главните улоги ги толкуваат: Џеф Бриџис, Мет Дејмон, Џош Бролин и Хејли Стеинфелд. Овој филм, кој е преработка на истоимениот филм со Џон Вејн во главната улога, бил номиниран за наградата „Оскар“ во десет категории, но не успел да победи во ниту една.[1]

Содржина

уреди

Четиринаесетгодишното девојче Мети Рос (ја игра Стеинфелд) е решена да се одмазди за смртта на својот татко, кого го убил Том Чејни (го игра Бролин) за два златника. Затоа, таа започнува потера по избеганиот убиец, а за таа цел ѝ се потребни искусни револвераши. Таа ги најмува едноокиот шериф-алкохоличар Рустер Когбурн (го игра Бриџис) и тексашкиот ренџер Лабиф (го игра Дејмон) кој го бара Чејни за да го одведе на судење во Тексас.[2] [3] Патем, Лабиф и Когбурн започнуваат кавга и Лабиф ги напушта со намера самиот да го најде Чејни. Сепак, наскоро нивите патишта повторно се вкрстуваат при што Когбурн ненамерно го ранува Лабиф. Потоа, тие ја продолжуваат потерата заедно, но Лабиф повторно ги напушта по една кавга со Когбурн. Тогаш, Мети неочекувано налетува на Чејни и го ранува, но таа е заробена од бандата на Нед. Когбурн се враќа назад, а Нед го остава девојчето со Чејни кој сака да ја заколи, но во последен миг ја спасува Лабиф. Во меѓувреме, Когбурн убива тројца ортаци на Нед, но и тој е ранет. Во последен миг, токму кога Нед се подготвува да пука во Когбурн, него го убива Лабиф. Мети го убива Чејни, но паѓа во јама каде ја каса отровна змија. Когбурн и Лабиф ја извлекуваат од јамата, а по долго и напорно јавање, Когбурн успева да ја однесе во една колиба. Таму ѝ ја ампутираат раката на Мети, но таа останува жива. Оттогаш поминуваат 25 години, а Мети никогаш повеќе не ги има видено Когбурн и Лабиф. Меѓутоа, еден ден, таа добива писмо од Когбурн, кој настапува со еден циркус. Таа оди да го види, но пристигнува предоцна, зашто Когбурн починал три дена претходно. Тогаш, Мети го откопува неговот тело и го закопува на семејните гробишта.[4]

Наводи

уреди