Херцберг на Харц
Херцберг на Харц (германски: Herzberg am Harz) — град во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа во јужните делови на планинскиот масив Харц.
Херцберг на Харц | |
Поглед на градот од замокот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гетинген |
Градски единици | 6 |
Градоначалник | Луц Петерс (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 71,88 км2 |
Надм. височина | 240 м |
Население | 12.829 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 178 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OHA |
Пошт. бр. | 37412 |
Повик. бр. | 05521, 05585 |
Портал | www.herzberg.de |
Местоположба на градот Херцберг на Харц во рамките на округот Гетинген | |
Координати | 51°39′27″N 10°20′28″E / 51.65750° СГШ; 10.34111° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиГрадот Херцберг на Харц се наоѓа на почетокот на малите реки Зибер и Лонау од планинскиот масив Харц. Херцберг е оддалечен 32 километри североисточно од Гетинген, 90 километри југоисточно од Хановер. Над градот се наоѓа замокот Херцберг.
Соседни општини
уреди- Гослар:
- Гетинген:
- Ајхсфелд:
- Гетинген:
- Дудерштат
- Ридерсхаузен (Гиболдехаузен)
- Румшпринге (Гиболдехаузен)
- Волерсхаузен (Гиболдехаузен)
- Гетинген
- Хаторф на Харц (Хаторф на Харц)
- Елбингероде на Харц (Хаторф на Харц)
- Херден на Харц (Хаторф на Харц)
Градски единици
уреди- Херцберг (8.909 жители)
- Лонау (299 жители)
- со Миленберг
- Пелде (1.990 жители)
- со Румашпрунг
- Шарцфелд (1.633 жители)
- Зибер (474 жители)
Состојба: 1 октомври 2014[2]
Историја
уредиЗамокот во Херцберг бил првпат споменат во 1154 година. Градот бил дел од државата Брауншвајг-Грубенхаген, а замокот некое време бил користен како резиденција од војводите. Херцберг станал град во 1929 година.
Стопанство
уредиВо минатото, важни индустрии во Херцберг биле леарниците, земјоделската механизација и производството на чизми.
Образование
уредиХерцберг е седиште на Меѓукултурниот центар на Херцберг (Interkultura Centro Herzberg), клуб кој го промовира меѓународниот вештачки јазик есперанто. Во 2006 година, градскиот совет одлучил да го рекламира градот како „град на есперанто“ (die Esperanto-Stadt).[3]
Меѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиНаводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-06-23. Посетено на 2016-01-29.
- ↑ Town renames itself the Esperanto Town (есперанто)
Надворешни врски
уреди„Херцберг на Харц“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место (германски)
- Центарот за есперанто Архивирано на 23 февруари 2021 г. (есперанто)