Досе (германски: Dosse) — река во округот Источен Пригниц-Рупин во северозападниот дел на Бранденбург, Германија. Таа е десна притока на Хафел. Досе е долга 94 километри, а нејзиниот извор се наоѓа на границата помеѓу Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург, потекнувајќи од три мали потоци кои се соединуваат по четири километри. Главно тече кон југ, низ Витшток, Вустерхаузен и Нојштат на Досе, пред да се влие во Хафел близу Хафелберг во Саксонија-Анхалт. Вкупното сливно подрачје е 1.269 км².

Досе
Местоположба на Досе
Место североисточна Германија: Бранденбург, Саксонија-Анхалт
Должина 96 км
Извор североисточно од Мајенбург
53°19′39″N 12°16′51″E / 53.3275° СГШ; 12.28094° ИГД / 53.3275; 12.28094
Висина на изворот околу 85 м над м.н.
Утока Хафел кај Хафелберг
52°47′42″N 12°12′45″E / 52.794928° СГШ; 12.21254° ИГД / 52.794928; 12.21254
Слив Елба
Одлив Хафел → Елба → Северно Море
Слив 1.268 км²
Паланки Витшток, Вустерхаузен
Досе кај Витшток

На нејзините брегови во градот Витшток се случила Битката кај Витшток во 1636 помеѓу Шведска и сојузот помеѓу Светото Римско Царство и Саксонија во текот на Триесетгодишната војна.