Антифашистички фронт на жените
Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) — движење на жените за време на Втората светска војна во Македонија и претходник на неколку денешни феминистички организации во Република Македонија. Тоа движење било формирано од доброволци во 1942 година на Првата земска конференција на АФЖ во Босански Петровац (6-8 декември 1942 година), заедно со други Антифашистички фронтови на жените во Југославија и било едно од само четири исто така да стане организирано движење на отпорот.[1][2]
Почетоци
уредиПрвите никулци на АФЖ се сретнуваат во комисиите за работа со жените, формирани пред почетокот на Втората светска војна, како дел од месните комитети на КПЈ во Македонија, чија дејност била многу слична со дејноста на одборите на АФЖ (кои се фомрирале подоцна).
Во пролетта 1943 година, бил оформен првиот одбор на АФЖ во Кавадарци. До одржувањето на првата конститутивна конференција на АФЖ на Македонија (15 декември 1944 година во Скопје), скоро целата земја била покриена со мрежата на АФЖ.[2]
На конститутивната седница биле избрани: Главен одбор на АФЖ, Извршен одбор и Пленум. Орган на АФЖ станало списанието Македонка, чиј прв број се појавил во ноември 1944 година и тоа е првото женско списание на македонски јазик.[2][3]
Најистакнатата фигура во движењето била Веселинка Малинска, одликуван ветеран на НОБ на Македонија и учесник на АСНОМ чиј татко бил дел од Илинденското востание во 1903 година.[4]
Движењето било тесно поврзано со организацијата на Грчката граѓанска војна, Народноослободителниот фронт во која имало значителен број жени партизанки. Организацијата, како и нивните сојузници, Народноослободителниот фронт и Ослободителната народна Младинска Асоцијација на грчка Македонија, биле етикетирани како "бандити" од страна на грчката влада по Втората светска војна.[5]
Повоена активност на АФЖ
уредиДоминантна цел на АФЖ било да го подобри образованието на жените и зголемување на нивната стапка на писменост, бидејќи мнозинството на неписмени во тоа време биле жени.[6]
Како посебна општествено-политичка организација, АФЖ дејствувала до 1953 година, кога се трансформирала во Сојуз на женските друштва на Македонија. Во 1961 година Сојузот се преименувал во Конференција за општествена активност на жената - КОАЖ, а набрзо потоа во името ја внел и додавката положба, односно Конференција за општествена активност и положба на жената - КОПАЖ.
Во 1991 година Организацијата престанала да постои, а за нејзина наследничка се прогласила Организацијата на жените на Македонија (ОЖМ).[2]
Наводи
уреди- ↑ P. Ramet, Sabrina. (1999). Gender Politics in the Western Balkans: Women, Society and Politics in Yugoslavia and the Yugoslav Successor States. Penn State University Press. pp. 75-76. ISBN 978-0-271-01802-7. Google Book Search. Посетено на July 14, 2009.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 35–36. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Македонка: орган на Антифашискиот фронт на жените от Македониjа“, сите броеви, 1944-1952
- ↑ de Haan, F. Daskalova, K. Loutfi, A. (2006). A Biographical Dictionary of Women's Movements and Feminisms in Central, Eastern and Southern Europe: 19th and 20th Centuries. Central European University Press. pp. 296-300. ISBN 978-963-7326-39-4. Google Book Search. Посетено на July 8, 2008.
- ↑ "The Aegean part of Macedonia after the Balkan Wars". Council for Research into South-Eastern Europe of the Macedonian Academy of Sciences and Arts. 1996.
- ↑ Trouton, R. (1952). Peasant Renaissance in Yugoslavia, 1900-1950: A Study of the Development of Yugoslav Peasant Society as Affected by Education. Routledge. p. 283. ISBN 0-415-17612-3. Google Book Search. Посетено на July 8, 2008.