Џамахирија
Џамахирија (арапски: جماهيرية, транслитерација jamāhīriyya) е арапски термин кој означува „држава на масите“, односно термин кој го вовел Моамер ал Гадафи за да ја именува новата либиска социјалистичка џамахирија и значи држава која е владеена од народот. Терминот може да се спореди со терминот „народна република“.
Денес, само една држава го користи овој термин - Либија и Гадафи е именуван како „каид“ или во превод водач. Иако официјално Гадафи нема позиција во државата, тој ја има титулата „водач на големата револуција од први сепетмври на Социјалистичката Народна Либиска Арапска Џамахирија“ или „братски водач и водач на револуцијата“.[1]
Потекло на поимот
уредиЗборот „џамахирија“ е термин кој потекнува од зборот „џумхурија“, арапски збор за република. Зборот е настанат со менување на компонентите jumhūr — "јавност" — во множинска форма, jamāhīr — "маси".
Често на сите јазици во светот името на државата Голема Социјалистичка Народна Либиска Арапска Џамахирија се преведува само како Либија, поради комплицираноста и невообичаеното име.
Наводи
уреди- ↑ US Department of State's Background Notes, (Nov. 2005) "Libya - History", U.S. Dept. of State, Accessed July 14, 2006
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Либија на CIA Архивирано на 12 септември 2019 г.
- Значењето на зборот на YouTube