Суперкуп на УЕФА 2017

(Пренасочено од УЕФА Супер Куп 2017)

Суперкуп на УЕФА 2017 било 42. издание на Суперкупот на УЕФА, годишниот фудбалски натпревар помеѓу победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, двете најсилни европски клупски натпреварувања организирани од страна на УЕФА.

Суперкуп на УЕФА 2017
2017 UEFA Super Cup.png
Датум8 август 2017
СтадионТелеком арена, Скопје
Играч на натпреваротИско
СудијаИталија Џанлука Роки[1]
Гледачи30,421[2]
2016
2018

Во Суперкуп на УЕФА 2017 играле екипите на Реал Мадрид, победник на Лигата на шампионите 2016-2017, и Манчестер Јунајтед, победник на Лига Европа 2016-2017.[3] Натпреварот се одиграл на стадионот Телеком арена во Скопје, Македонија на 8 август 2017 година.[4]

Реал Мадрид го освоил Суперкупот на УЕФА, победувајќи го Манчестер Јунајтед со 2-1. Головите за шпанскиот тим ги постигнале Каземиро и Иско, додека стрелец за Манчестер Јунајтед бил Ромелу Лукаку.

ЕкипиУреди

Екипа Пласиран како Претходни учества
  Реал Мадрид Победник во УЕФА Лига на шампиони 2016/17 1998, 2000, 2002, 2014, 2016
  Манчестер Јунајтед Победник на УЕФА Лига Европа 2016/17 1991, 1999, 2008

Белешка: Со задебелени бројки се напишани годините кога тимот победил во натпреварувањето.

НатпреварУреди

Преглед на натпреваротУреди

 
Екипите пред почетокот на натпреварот
 
Судијата Џанлука Роки од Италија ја делел правдата на овој натпревар.

Натпреварот започнал со шанса за Манчестер Јунајтед, но Лукаку не успеал да поентира од поволна позиција. Реал возвратил во 16-тата минута кога по корнерот на Крос, ударот со глава од страна на Варан завршил во пречката. Иницијативата на „кралевите“ вродила со плод во 24-тата минута кога Карвахал мајсторски му асистирал на Каземиро, кој со многу чувство со лизгачки старт успеал да ја спроведе топката зад грбот на Де Хеа. Со голот за водство на Реал се отишло на одмор.

Свесен дека не се премногу опасни кон голот на Реал, на почетокот на вториот дел Мурињо во игра го внел Рашфорд на местото на Лингард. Меѓутоа, пак сериозна закана дошло од страна на шпнаците, откако силно шутирал Тони Крос, но Де Хеа прекрасно одбранил. Реал успеал до го удвои водсвтото во 52-рата минута кога Иско и Бејл убаво спровеле двојно додавање, исфрлувајќи ја од игра целата одбрана на Јунајтед, а Иско со прецизна завршница погодил за 2-0. Англичаните возвратиле со неколку изгледни шанси, од која една стопостотна на Лукаку, но промена на резултатот немало до 62-рата минута. Тогаш по ударот на Матиќ, Навас одбранил за момент, а Лукаку овој пат не можел да не погоди, намалувајќи го резултатот на 2-1. До крајот англичаните се обидувале да дојдат до израмнување, меѓутоа Реал имал контрола на случувањата на теренот и на крајот тие биле славениците на овој Суперкуп на УЕФА.

ДеталиУреди

Победникот во Лигата на шампионите се водел како домаќин поради административни причини.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
Реал Мадрид[6]
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Манчестер Јунајтед[6]
GK 1   Кејлор Навас
RB 2   Дани Карвахал   84'
CB 5   Рафаел Варан
CB 4   Серхио Рамос     86'
LB 12   Марсело
CM 10   Лука Модриќ
CM 14   Каземиро
CM 8   Тони Крос
RF 11   Гарет Бејл   74'
CF 9   Карим Бензема   83'
LF 22   Иско   74'
Замени:
GK 13   Кико Касиља
DF 6   Начо
DF 15   Тео Ернандес
MF 20   Марко Асенсио   74'
MF 23   Матео Ковачиќ
FW 7   Кристијано Роналдо   83'
FW 17   Лукас Васкес   74'
Тренер:
  Зинедин Зидан
 
GK 1   Давид де Хеа
RB 25   Антонио Валенсија  
CB 2   Виктор Линделоф
CB 12   Крис Смолинг
LB 36   Матео Дармијан
CM 21   Андер Ерера   56'
CM 31   Немања Матиќ
CM 6   Пол Погба
RW 22   Хенрих Мхитарјан
CF 9   Ромелу Лукаку
LW 14   Џеси Лингард   42'   46'
Замени:
GK 20   Серхио Ромеро
DF 17   Дели Блинд
MF 8   Хуан Мата
MF 16   Мајкл Карик
MF 27   Маруан Фелаини   56'
FW 11   Антони Марсијал
FW 19   Маркус Рашфорд   90+4'   46'
Тренер:
  Жозе Мурињо

Играч на натпреварот:
Иско (Реал Мадрид)[7]

Помошни судии:[1]
  Еленито Ди Либераторе
  Мауро Тонолини
Четврти судија:[1]
  Клеман Тирпен
Дополнителни судии:[1]
  Давиде Маса
  Масимилијано Ирати

Правила на натпреварот[8]

  • 90 минути
  • 30 минути продолженија ако е потребно
  • Изведување пенали ако резултатот и понатаму е нерешен
  • Максимално 7 играчи на клупа, од кои три можат да бидат искористени.

Екипа победникУреди

 
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, со трофејот од Суперкупот на УЕФА 2017.
 
Реал Мадрид
Победник на Суперкупот на УЕФА 2017
4. титула
 

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Rocchi to referee 2017 UEFA Super Cup“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 20 July 2017. Посетено на 20 July 2017.
  2. 2,0 2,1 „Match report: Real Madrid 2 Manchester United 1“. manutd.com. Manchester United F.C. 8 август 2017. Архивирано од изворникот на 21 август 2017. Посетено на 10 август 2017.
  3. „Real Madrid to face Manchester United in Super Cup“. UEFA.com. 3 June 2017.
  4. „FYR Macedonia to host 2017 UEFA Super Cup“. UEFA.com. 30 June 2015.
  5. „Summary UEFA Euro 2020 qualifying – Group J“. Soccerway. Посетено на 21 November 2019.
  6. 6,0 6,1 „Tactical line-ups“ (PDF). UEFA.com. Union of European Football Associations. 8 August 2017. Посетено на 8 August 2017.
  7. „UEFA Super Cup – Real Madrid-Man. United“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 8 август 2017. Архивирано од изворникот 15 август 2018. Посетено на 8 август 2017. Isco named man of the match in Skopje
  8. „Regulations of the UEFA Super Cup 2017“ (PDF). UEFA.com. 4 April 2017. Посетено на 17 July 2017.

Надворешни врскиУреди