Цујоши Сузуки

(Пренасочено од Тсујоши Сузуки)

Цујоши Сузуки (本名:鈴木 剛) e еден од најпознатите јапонски диџеи, неговиот музички опус се состои од најразлични стилови на музика - Техно, Goa - Транс, Транс, Електро , Електро рок, но најзапаметен ќе остане по неговите сетови кој ги пушташе во средината на 90 - год. на 20 век на островот Гоа. Творел под голем број на псевдоними како што се: Prana, Bass Chakra, DJ TSUYOSHI и Numanoid. Исто така е иден од основачите на јапонскиот фристаил бенд Joujouka.

Цујоши Сузуки
Родено име本名:鈴木 剛
Роден(а)1967
Токио Јапонија
ЖанровиТранс, Техно...
ЗанимањаДиџеј, музички продуцент
Период на активност1990 до денес
ИздавачиFeedbackRecordings
СоработнициJoujouka,
Prana,
Bass Chakra
DJ TSUYOSHI
Numanoid
Мреж. место(djtsuyoshi)

Првите чекори

уреди

Студиирал и дипломирал на Јапонскиот колеџ за уметност во 1980 год. Во почетокот е под силно влијание на јапонскиот бенд YMO и New Wave музиката. Во тој период создава свој бенд, а се занимава и со визуелна уметност. Во почетокот на 90 - години се запознава со Транс сцената слушајќи го јапонскиот диџеј Кудо, и овој шок ќе го турне кон диџејството. Во 1993 година се преселува во Лондон каде ја продолжува својата кариера.

Во Лондон и околу светот

уреди

Во 1995 година започнуваат да се одржуват забавите под име Return to the Source, а Сузуки е резидент диџеј, а во тоа време тој почнува да пушта музика во многу замји надвор од Англија.

Во оваа година Сузуки ја формира и сопствената продуценска куќа под името Матцури (Matsuri Productions) и го снима својот прв албум под псевдонимот Prana.

Веќе во 1996 година продуценската куќа Матцури има свои претставнштва во Израел, Јапонија и Франција. Во 1997 година Сузуки своите плочи ги врти на фестивалите како што се Tribal Gathering, Big Love и ширум низ Европа. Истата година Сузуки настапува пред 15. 000 публика на фестивалот во Фуџи во Јапонија.

Сузуки решава на почетокот на 1998 година да формира еден бенд под име Joujouka, а првиот албум го издават кон крајот на годината.

Во текот на 1999 година настапува насекаде во светот како што се Love Parade, Fuji Rock festival, Rainbow 2000 и Hakusan outdoor festival.

На почетокот на новиот миленијум решава да се врати во Токио.

Нов почеток

уреди

Во март 2000 година започнува да ги приредува редовните забави кои се познати како Tokio Drome во клубот Liquid Room, а подоцана настапува на фестивалот Mardis Gras во Сиднеј, Австралија.

Во октомври истата година го издава албумот BREAK THE SYSTEM DOWN кои се состои од негови миксови. Годината ја завршува со два големи настапа, најпрво на модната ревија на Версаче, а потоа на забавата NEW MILLENNIUM COUNTDOWN пред 20. 000 луѓе.

Во периодот од 2001 - 2004 година настапува насекаде низ Јапонија и светот како што се: Токио, Њујорк, Хамбург, Сиднеј, Лондон, Бостон, Атина и Тел Авив.

Во меѓувреме ги издава и албумите BREAK THE SYSTEM DOWN VOL.2, NEW ASIANS (Јоујоука) и BREAK THE SYSTEM DOWN VOL.3.

Во септември 2002 година ја отвора својата нова дискографска куќа FEEDBACK RECORDINGS при што издава и неколку сингла. Во 2007 година го издава албумот Psytrance GOD is back.

Сузуки и Јоујоука во 2009 година ја добија наградата за најдобра денс атракција од страна на voize [1].

Влијание

уреди

Сузуки со своите два први албуми CYCLONE и GEOMANTIK изврши силно влијание на Гоа транс сцена, во периодот кога таа беше во својот зачеток. Од друга страна некој го сметаат за именител на самиот паравец, односно во едно од своите интервју кога тој бил запрашан каква музика пушта тој одговорил Гоа, алудирајќи на забавите кој се одржувале на островот Гоа. Отука целиот правец станува познат како Гоа Транс.

Дискографија

уреди

Албуми

уреди
  • PRANA, CYCLONE, MATSURI PRODUCTIONS,UK, UK PROJECT
  • PRANA, GEOMANTIK, MATSURI PRODUCTIONS,UK, POLYSTAR
  • JOUJOUKА, JOUJOUKА, MATSURI PRODUCTIONS,UK, EASTWEST
  • DJ TSUYOSHI, INTERACTIVE - best of DJTSUYOSHI, MATSURI PRODUCTIONS,UK
  • JOUJOUKA,RE-SEI, MAD SKIPPERS, JP
  • JOUJOUKA, NEW ASIANS, MAD SKIPPERS,JP, RADIO SONIC
  • DJ TSUYOSHI, Psytrance GOD is back, Feedback Recordings

Синглови

уреди
  • PRANA,Scarab EPSide A: Scarab Side B: Pneumatic, MatsuriProductions,UK, MP01
  • JOUJOUKA, LET THE WAVE FLOW EPSIDE A LET THE WAVE FLOWSIDE B IN ESSENCE/SPIT-JOUJOUKA REMIX, RETURN TO THE SOURCE,UK
  • ЈOUJOUKA, ROCK IS SPONGE-SPACY REMIX, FEEDBACK RECORDINGS,JP

Извори

уреди
  1. http://voize[мртва врска].my/

Надворешни врски

уреди