Трајко Вељаноски
Трајко Вељаноски (2 ноември 1962 во Сливово, Охридско) — правник, политичар и осми по ред претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја вршел од 2008 до 2016 година. Член е на ВМРО-ДПМНЕ. Во собранието ги вршел и должностите како претседател на комисијата за уставни прашања и шеф на делегација на Собранието на Македонија во интерпарламентарната унија.
Трајко Вељаноски | |
---|---|
VIII Претседател на Собранието | |
На должноста 21 јуни 2008 – 18 октомври 2016 | |
Претседател | Бранко Црвенковски Ѓорге Иванов |
Претходник | Љубиша Георгиевски |
Наследник | Талат Џафери |
Лични податоци | |
Роден(а) | 2 ноември 1962 Сливово, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ[1] |
Професија | правник, политичар |
Вероисповед | Православен христијанин |
Животопис
уредиНа Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" ги завршува студиите по правни науки, а во 1988 година го полага адвокатскиот испит и истата година отвора самостојна адвокатска канцеларија. Како адвокат работи до почетокот на 1999 година. Оженет е и е татко на две деца.
Политичка кариера
уредиСвоето политичко ангажирање Трајко Вељаноски го започнува во 1993 година со вклучувањето во ВМРО-ДПМНЕ. Неговото политичко дејствување е тесно поврзано со неговата професионална определба - правото и легислативата. Така, повеќе години ја води Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, член е на Комисијата за политички систем, а исто така го води и Форумот за правни и политички прашања и судски систем на ВМРО-ДПМНЕ.
Во 1999 година е избран за потсекретар во Министерството за правда на Владата на Република Македонија, каде што набргу станува и заменик - министер. Притоа, посебено е активен во подготвувањето на закони, но има и активно учество во процесот на нивното донесување во Собранието и собраниските работни тела. Исто така, учествува во подготвките на повеќе меѓународни билатерални и мултилатерални договори, како и учество на меѓународни средби, коференции и семинари.
Во овој период е и член на Комисијата за претставки и предлози на председатлот на Република Македонија, а исто така е член и на Управниот одбор на Центарот за европски интеграции. Во повеќе изборни циклуси, како што се претседателските, парламентарните и локалните е ангажиран како член на Државната изборна комисија.
На парламентарните избори во 2006 година Трајко Вељаноски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и во тој мандатен период до април 2008 година е претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На изборите во јуни 2008 година повторно е избран за пратеник, а на конститутивната седница на новиот собраниски состав е избран за претседател на Собранието на Република Македонија.[2]
На 20 февруари 2019 година бил уапсен под обвинение дека бил еден од организаторите за Упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година[3].
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-05-17. Посетено на 2008-10-09.
- ↑ Телма, 21 јуни 2008: КОНСТИТУИРАН НОВИОТ, ШЕСТИ ПО РЕД СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО НА РМ
- ↑ „Притвор за Јанакиески и Ристовски“. Телма. 20 февруари 2019. Посетено на 20 февруари 2019.
Надворешни врски
уредиПолитички функции | ||
---|---|---|
Претходник Љубиша Георгиевски |
Претседател на Собранието на Македонија 2008–2016 |
Наследник Талат Џафери |