Современата велшка азбука (yr wyddor) има 28 букви, од кои 8 се диграми:

Големи букви
A B C CH D DD E F FF G NG H I L LL M N O P PH R RH S T TH U W Y
Мали букви
a b c ch d dd e f ff g ng h i l ll m n o p ph r rh s t th u w y

Остриот акцент, грависот, циркумфлексот и дијарезата се користат и за самогласки, но акцентираните букви не се сметаат за дел од азбуката (т.е. не се посебни букви).

Оваа статија содржи фонетски симболи по МФА. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо уникодни знаци.


Историја

уреди

Најраниот пример за пишан велшки јазик датира од VI векм напишан на латиница (видете Старовелшки јазик). Правописот се разликувал од оној на денешниот велшки, особено во употребата на буквите p, t и c за бележење на звучните плозиви /b, d, ɡ/ во средината и крајот на зборовите. Така, звучните фрикативи /v, ð/ се пишувале со b и d.[1]

Кон средновелшкиот период веќе гледаме многу поголема варијабилност: иако b, d и g се користеле за бележење на /b, d, ɡ/, овие гласови често се запишувале по старовелшки, додека /v/ не можело да се одбележи со u, v, f или w. Покрај ова, во пораните ракописи, фрикативите често не се разликувале од плозивите (на пр. t од /θ/, гласот кој денес се пишува со th).[2]Графемата k исто така се користела почесто отколку во современата азбука, особено пред предни самогласки.[1] Неупотребувањето на оваа буква барем делумно се должи на објавувањето на Велшката Библија на Вилијам Морган, чии англиски печатари ја имале наместено честотата за печатење на букви за англиски и латински, па така немале доволно букви k за да го нјапишат секој глас /k/ со буквата k, па затоа пишувале со c;[3] ова не им се допаднало на читателите, но сепак влегло во стандардна употреба.

Правописот на современиот велшки јазик бил стандардизиран во 1928 г., од страна на комитетот на чело со Сер Џон Морис-Џонс.

Во 1987 година, комитет на чело со професор Стивен Џ. Вилијамс направил други помали промени. Меѓутоа треба да се спомене дека овие промени не се применуваат од сите денешни пишувачи.[4]

Букви, гласовни вредности и транскрипција

уреди

„С“ и „Ј“ ги означуваат варијантите во северните и јужните дијалекти на велшкиот јазик.

Буква назив Изговор (МФА) македонска
транскрипција
a â /a, aː/ а
b /b/ б
c èc /k/ к
ch èch /x/ х
d /d/ д
dd èdd /ð/ д
e ê /ɛ, eː/ е
f èf /v/ в
ff èff /f/ ф
g èg /ɡ/ г
ng èng /ŋ/ н
h âets, /h/ х
i î (С), î dot (Ј) /ɪ, iː, j/ и (С), ј (Ј)
l èl /l/ л
ll ell /ɬ/ л
m èm /m/ м
n en /n/ н
o ô /ɔ, oː/ о
p /p/ п
ph ffî /f/ ф
r èr /r/ р
rh rhî, rhô /r̥/ р
s ès /s/ с
t /t/ т
th èth /θ/ т
u û (С), û bedol (Ј) /ɨ̞, ɨː/ (С), /ɪ, iː/ (Ј) и (С & Ј)
w ŵ /ʊ, uː, w/ у, в
y ŷ /ɨ̞, ɨː, ə, əː/ (С), /ɪ, iː, ə, əː/ (Ј) и, ’ (С & Ј)

Белешки

уреди
  • Покрај тоа што ја бележи фонемата /h/, h означува безвучност на графемите mh, nh, и ngh. Диграмот ph – кој ја означува аспирантната мутација на p (на пр. ei phen-ôl) – може да се најде (но многу поретко) во зборови од грчко потекло (на пр. phenol), иако највеќето зборови од грчко потекло се пишуваат со ff (на пр. ffotograff).
  • Буквата y го означува гласот /ə/ во ненагласени едносложни зборови (на пр. y (одреден член), fy „мој“) или пак слогови кои не стојат на крајот од зборот, но /ɨ̞, ɨː/ (С) или /ɪ, iː/ (Ј) во сите други случаи.
  • Редицата si го означува гласот /ʃ/ кога стои пред самогласка; слично на ова, di и ti понекогаш ги означуваат гласовите /dʒ/, односно /tʃ/ кога стојат пред самогласка, иако овие гласови се пишуваат со j и ts во заемки како jẁg „бокал“ и wats „рачен часовник“.

Колација

уреди

Додека секоја од диграмите ch, dd, ff, ng, ll, ph, rh, th се пишуваат со по два симбола, тие се сметаат за една буква. Ова значи дека зборот Llanelli (град во јужен Велс) на велшки се смета дека има само шест букви, споредено со осум на англиски. Затоа секоја од нив зазема само по едно место во велшките крстозбори. Пример за ова е и селото Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch, чие име содржи 58 букви на англиски, а само 51 на велшки.

Сортирањето се врши во согласност со азбуката. На пример, la оди пред ly, што оди пред lla, што оди пред ma. Автоматизираното сортирање понекогаш наоѓа на потешкотии поради фактот што на некои места потребни се додатни информации за да може да се разликува вистинска диграма од едноставен ред букви; на пример llom оди по llong (каде ng го означува звукот /ŋ/) но пред llongyfarch (каде n и g се изговараат засебно како /ŋɡ/).

Иако горенаведените диграми се сметаат за единечни букви, само првата составна буква се пишува со големо на почетокот на реченицата. Така:

Llandudno, Ffestiniog, Rhuthun итн. (топоними)
Llŷr, Rhian итн. (лични именки)
Rhedeg busnes dw i. Llyfrgellydd ydy hi. (други реченици кои почнуваат со диграма)

Обете букви од диграмата се пишуваат големи само кога целиот збор е во големи букви:

LLANDUDNO, LLANELLI (како на пр. на постер или на знак)

Други букви

уреди

Буквата j е прифатена во велшкиот правопис за оние зборови позајмени од англискиот, кај кои гласот /dʒ/ („џ“) на велшки се задржува, дури и каде што тој глас не е претставен со j на англиски, како да речеме во garej (англ. garage, „гаража“). Некои позајмени зборови кои се пишуваат со j на англиски, во велшкиот се изговараат или како /dʒ/ (џ) или /ʃ/ („ш“); второнаведениот изговор е претставен со si, како во Siapan (англ. Japan, „Јапонија“).

Буквите k, v, x и z се користат во некои технички поими, како kilogram, volt, xeroser и zero, но тие во сите случаи можат да се заменат, и често се заменуваат, со велшки букви: cilogram, folt, seroser и sero.[5] И покрај тоа, во велшката колонија во Патагонија, Аргентина, v обично се користи за запишување на звукот /v/ („в“).[1]

Дифтонзи

уреди
Правопис Северни дијалекти Јужни дијалекти македонска
транскрипција (С)
македонска
транскрипција (Ј)
ae /aːɨ/ /ai/ аи аи
ai /ai/ /ai/ аи аи
au /aɨ/ но како наставка за множина /a/ /ai/ но како наставка за множина /e/ аи но како наставка за множина а аи но како наставка за множина е
aw /au, aːu/ /au/ ау ау
ei /i/ /əi/ и еи
eu /əɨ/ /əi/ еи еи
ew /ɛu, eːu/ /ɛu/ еу еу
ey /əɨ/ /əi/ еи еи
iw /ɪu/ /ɪu/ иу иу
oe /ɔɨ, ɔːɨ/ /ɔi/ ои ои
oi /ɔi/ /ɔi/ ои ои
ou /ɔɨ, ɔːɨ/ /ɔi/ ои ои
uw /ɨu/ /ɪu/ иу иу
wy /ʊɨ, uːɨ/ /ʊi/ уи уи
yw /ɨu, əu/ /ɪu, əu/ иу, еу иу, еу

Дијакритички знаци

уреди

Велшкиот јазик користи низа дијакритички знаци.

The циркумфлексот се користи за бележење на долги самогласки. Така, â, ê, î, ô, û, ŵ, ŷ се секогаш долги, но a, e, i, o, u, w, y не мора да значи дека се кратки. Не сите долги самогласки се обележуваат со циркумфлекс. По некое непишано правило можеме да кажеме дека дијакритичките знаци се користат особено во едносложни зборови каде самогласката стои пред -l, -n или -r. Меѓутоа постојат многу исклучоци од ова правило.

Грависот понекогаш се користи за бележење на самогласки кои треба да бидат кратки, кога обично би се очекувала долга самогласка, на пр. pas /pɑːs/ (кашлица), pàs /pas/ (пропусница/дозвола или превезување со автомобил); mwg /muːɡ/ (чад), mẁg /mʊɡ/ (шолја).

Остриот акцент понекогаш се користи за обележување на нагласениот последен слог во повеќесложен збор. Така, зборовите gwacáu (празнење) и dicléin (одбива) се нагласени на крајот. Меѓутоа не сите повеќесложни зборови со нагласок ан крајот се бележат со остар акцент (на пр. Cymraeg „велшки“ нема акцент).

Дијарезата означува дека една самогласка треба да се изговори наполно, а не како полусамогласка, на пр. copïo (копирање) — изговор: /kɔˈpiːɔ/, а не */ˈkɔpjɔ/.

Грависот, а особено остриот акцент често се испуштаат во секојдневното пишување, а истото важи за дијарезата, но во помала мера. Меѓутоа циркумфлексот не се испушта. Акцентираните самогласки не се сметаат за посебни букви.

Предвидување на должината на самогласките од правописот

уреди

Според гореспоменатото, самогласките означени со циркумфлекс секогаш се долги, а оние означени со гравис секогаш се кратки. Доколку една самогласка не е обележана со дијакритички знак, нејзината должина мора да се одреди според околината.

Необележана самогласка е долга:

  • во нагласен едносложен збор каде не следи согласка, на пр. da /dɑː/ (добро)
  • пред b, ch, d, dd, g, f, ff, s, th, на пр. mab /mɑːb/ (син), hoff /hoːf/ (омилен), peth /peːθ/ (нешто)
  • пред l, n, r (во случај на i, u), на пр. sgil /sɡiːl/ (зад), llun /ɬɨːn/ (слика), hir /hiːr/ (долг)
  • кај северните дијалекти, пред групи од две согласки каде првата е ll или s, на пр. gwallt /ɡwɑːɬt/ (коса), tyst /tɨːst/ (сведок)

Необележана самогласка е кратка:

  • во ненагалсен (проклитички) збор, на пр. a /a/ (и)
  • пред p, t, c, m, ng, на пр. cam /kam/ (чекор), llong /ɬɔŋ/ (брод)
  • пред l, n, r (во случај на a, e, o, w, y), на пр. tal /tal/ (висок), llen /ɬɛn/ (завеса), ffwr /fʊr/ (крзно)
  • кај јужните дијалекти, пред групи од две согласки, на пр. sant /sant/ (светец), gwallt /ɡwaɬt/ (коса), tyst /tɪst/ (сведок)
  • кај северните дијалекти, пред групи од две согалски кога првата е n и r, на пр. sant /sant/ (светец), perth /pɛrθ/ (жива ограда)
  • кај северните дијалекти, во слог кој не е воедно нагласен и последен во зборот
  • кај јужните дијалекти, во било кој ненагласен слог

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Watkins, T. Arwyn (1993) "Welsh" in Ball, Martin J. with Fife, James (Уредн.) The Celtic Languages. London/New York: Routledge: 289-348.
  2. Evans, Simon D. (1964) A Grammar of Middle Welsh. Dublin: ColourBooks Ltd.
  3. Англиски и велшки Архивирано на 9 април 2008 г., есеј од Џ. Р. Р. Толкин (англиски)
  4. Thomas, Peter Wynn (1996) Gramadeg y Gymraeg. Cardiff: University of Wales Press: 749.
  5. Thomas, Peter Wynn (1996) Gramadeg y Gymraeg. Cardiff: University of Wales Press: 757.