Статистика Нов Зеланд
Статистика Нов Зеланд (анг. Statistics New Zealand, маор. Te Tari Tatau) е државен завод во Нов Зеланд задолжен за официјалната статистика во земјата, овластен со закон од 1975 г. Сѐ до 1994 г., заводот се водел под името Department of Statistics. Министерот за статистика на Нов Зеланд е Морис Вилијамсон.
Статистика Нов Зеланд | |
---|---|
Statistics New Zealand Те Тари Татау | |
Лого на Статистика Нов Зеланд | |
Податоци за органот | |
Надлежност | Нов Зеланд |
Седиште | Statistics House, The Boulevard, Harbour Quays, Wellington 41°16′40″S 174°47′04″E / 41.277742° ЈГШ; 174.784327° ИГД |
Раководител | Џеф Басканд (Владин статистичар) |
Мрежно место | |
http://www.stats.govt.nz/ |
Должности
уредиПокрај општата управна улога, заводот извршува голем број на статистички програми меѓу кои и петтогодишен попис. Голем дел од добиената статистика е достапна бесплатно на нивното мрежно место. Покрај ова, заводот воспоставува статистички класификации и стандарди за Нов Зеланд, и врши постојани истражувања за и развој на релевантни статистички методи. Заводот исто така пружа техничка помош на земјите во развој од Тихоокеанскиот Обрач, со особена задршка Тихоокеанските островски земји. Статистика Нов Зеланд е задолжена за водство на развојот и промовирањето на сите владини статистики кои го сочинуваат официјалниот статистички систем на Нов Зеланд.
Владини статистичари
уредиГенералниот директор на Статистика Нов Зеланд се нарекува „Владин статистичар“ (Government Statistician).
- 1980– 1984: Џон Дарвин
- 1984– 1992: Стив Кузмициќ
- 1992– 1999: Лен Кук
- 1999– 2007: Брајан Пинк
- 2007– : Џеф Басканд[1]
Авторски права
уредиМрежното место на Статистика Нов Зеланд изјавува дека: „Податоците добиени од Статистика Нов Зеланд можат слободно да се користат, умножуваат и наведуваат, освен ако не е назначено поинаку. Во секој случај, Статистика Нов Зеланд мора да биде наведена како извор на податоците“.[2]
Надворешни врски
уреди- Статистика Нов Зеланд Архивирано на 26 февруари 2011 г. (англиски)
- Статисфера Архивирано на 9 август 2009 г. - Портал кон официјалните новозеландски статистики (англиски)
- Кратка илустрирана историја на Статистика Нов Зеланд (англиски)
Наводи
уреди- ↑ „Назначување на генералниот директор и владин статистичар на Статистика Нов Зеланд“ Архивирано на 24 август 2007 г., извештај за медиумите од комесарот на државните служби Марк Пребл, 21 мај 2007; пристапено на 10 јуни 2007. (англиски)
- ↑ англиски оригинал: Information obtained from Statistics New Zealand may be freely used, reproduced, or quoted unless otherwise specified. In all cases Statistics New Zealand must be acknowledged as the source.