Тин Уевиќ

хрватски поет

Тин Уевиќ (хрватски: Tin Ujević; 5 јули 189112 ноември 1955) — хрватски поет, еден од најголемите поети на Хрватска и просторите на поранешна Југославија.

Тин Уевиќ
Tin Ujević
Тин Уевиќ околу 1940 г.
Роден/аАвгустин Уевиќ
5 јули 1891(1891-07-05)
Вргорац, Далмација, Австроунгарија
Починат/а12 ноември 1955(1955-11-12) (возр. 64)
Загреб, СР Хрватска
Занимањепоет
Јазиксрпскохрватски, хрватски
НационалностХрват
Значајни делаLelek sebra
Kolajna
Auto na korzu
Ojađeno zvono
Žedan kamen na studencu
Потпис
„Зелена гранка со тажно жолто овошје“ — позната песна на Уевиќ
Уевиќ во кафеана

Biography

уреди

Уевиќ е роден во гратчето Вргорац, Далмација и пораснал во Имотски, Макарска и пократок период во Загреб, каде примил влијанија од кружокот на Антун Густав Матош. Завршил гимназија во Сплит, па за време на Првата светска војна провел извесно време во Франција. Студирал во Белград, каде ја поминал најплодната деценија на своето творештво. Работел како политички деец за југословенската идеја (1912–1916), а потоа ја напуштил политиката и се оддал на уметнички живот на боемски талкач низ Белград, Сараево, Мостар, Сплит и Загреб. Во меѓувреме членувал и во француската Легија на странци.

Се истакнал на три полиња: како преведувач, есеист, фељтонист и поет. Превел голем број поетски дела, романи и раскази на српски и хрватски: Волт Витман, Марсел Пруст, Џозеф Конрад, Бенвенуто Челини, Џорџ Мередит и други. Напишал преку десет книги со есеи, поезија во проза и осврти, но највеќе се истакнат со својот монументален поетски опус.

Откако станал темелен познавач на сета западна поезија (од Данте Алигиери и Гете до Шарл Бодлер, Артур Рембо, Витман и Езра Паунд) и сите хрватските поетски великани (како Марко Марулиќ и Иван Гундулиќ), Уевиќ создал свој неповторлив протејски стил кој се одликува со велелепност. Обработувал секакви тематики, од пантеистичкиот мистивизам до скромната христијанска духовност, чествувајќи ја телесноста и занесното единство на човечкото и вончовечкото, внатрешни осврти и размисли. Г претставувал Совремието, со својата технолошка опседнатост во бурлескна иронија, навраќајќи се на идилата на далматинските села. Ја обработувал и еротската природа на човекот, како и неговата препуштеност на судбината. Со сето ова, поезијата на Уевиќ се одликува со еден многуобразен поглед кон животот и мешавина од спротивставени традиции, од средоземниот идеал на хармоничка убавина до современ егзистенцијалистички поглед, срочени во стихоби со длабока проникливост и големо мајсторство.

Уевиќ работел како преведувач во државните установи на Независната Држава Хрватска и продолжил да објавува материјали. Поради ова, повоениот режим неколку години му забранил да ја продолжи писателската кариера.[1][2] Починал на 12 ноември 1955 г. и погребан е на гробиштата Мирогој во Загреб.[3]

Во Хрватска има вкупно 122 улици со неговото име, и со тоа Уевиќ на деветтото место меѓу личностите по бројот на улици наречени во нивна чест.[4]

Дела

уреди
  • „Лелек на ратајот“ (Lelek sebra, 1920, Белград, кирилична екавица)
  • „Ѓердан“, 1926, (Kolajna, Белград, кирилична екавица)
  • „Кола на корзото“ (Auto na korzu, 1932)
  • „Скалпел на хаосот“ (Skalpel kaosa, 1938, Загреб)
  • „Жеден камен на кладенец“ (Žedan kamen na studencu, 1954, Загреб)

Наводи

уреди
  1. „Tin Ujević“. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2015-03-29.
  2. Fischer, Wladimir. "Die vergessene Nationalisierung. Eine synchrone und diachrone Analyse von Ritual, Mythos und Hegemoniekämpfen im jugoslavischen literaturpolitischen Diskurs von 1945 bis 1952." Dipl. Thesis. Universität Wien, 1997. Print.
  3. „Augustin Ujević“. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 2015-03-29.
  4. Letica, Slaven (29 November 2008). Bach, Nenad (уред.). „Kad bi ulice imale dar govora“. Croatian World Network. ISSN 1847-3911. Посетено на 2014-12-31.

Надворешни врски

уреди