Тета Лебед
Тета Лебед (θ Лебед, θ Cygni, θ Cyg) — ѕвезда во соѕвездието Лебед. Има привидна величина од 4,5, што значи дека е видлива со голо око при достатно темно небо. Според паралаксата утврдено е дека се наоѓа на далечина од 59,8 светлосни години (18,3 парсеци) од Земјата. Се претпоставува дека е домаќин на планета.
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 36м [1] | 26,53436с
Деклинација | +50° 13′ [1] | 15,9646″
Прив. величина (V) | 4,490[2]/13,03[3] |
Особености | |
Спектрален тип | F3 V[4] + M3 V[5] |
U−B Боен показател | –0,03[6] |
B−V Боен показател | +0,38[6] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | –27,4[2] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: –8,87[1] млс/г Дек.: +262,45[1] млс/г |
Паралакса (π) | 54.54 ± 0.15[1] млс |
Оддалеченост | 59,8 ± 0,2 сг (18,34 ± 0,05 пс) |
Апсолутна величина (MV) | 3,14[2] |
Податоци | |
θ Лебед A | |
Маса | 1,35 - 1,39[7] M☉ |
Полупречник | 1,49 ±0,002[7] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 4,23 ±0,03[7] |
Сјајност | 4,265 ±0,090[8] L☉ |
Температура | 6.697±78[7] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 7[9] км/с |
Старост | 1,0 - 1,6[7] Гг. |
θ Лебед B | |
Маса | 0,35[10] M☉ |
Полупречник | 0,36[7] R☉ |
Сјајност | 0,01[7] L☉ |
Температура | 3.000 - 3.500[7] K |
Податоци | |
GSC 03564-00642 | |
Полупречник | 0.28[7] R☉ |
Сјајност | 0.013[7] L☉ |
Температура | 3,700[7] K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — θ Лебед |
— θ Лебед B | |
— θ Лебед C | |
— θ Лебед D | |
— GJ 765B | |
— GSC 03564-00642 |
Особини
уредиСпектарот на главната ѕвезда укажува дека таа ѝ припаѓа на класата F3 V.[4] Сјајносната класа V се однесува на категорија ѕвезди од т.н. „главна низа“, кои, како и Сонцето, создаваат енергија по пат на јадрено соединување на водород во нивните јадра. Надворешната обвивак на оваа ѕвезда зрачи 4,2 пати посјајно од Сонцето, со делотворна температура од 6.381 K,[8] давајќи ѝ жолтобел сјај типичен за ѕвездите од типот F.[11] Тета Лебед е поголема од Сонцето, со 38 %[10] поголема маса и 58 %[12] поголем полупречник. Се проценува дека е стара помеѓу 0,6 и 1,9 милијарди години.[13]
Придружнички
уредиθ Лебед има неколку побледи придружни ѕвезди. Најблиска е θ Лебед B — црвено џуџе со величина 13 на растојание од 3", во орбита околу главната ѕвезда на растојание од 46 ае. Друга ѕвезда се смета за оптичка придружничка — со величина 12 на растојание од околу една лачна минута, со назнаката C. Составницата D е ѕвезда со величина 12,5, и исто така се смета за оптичка придружничка. GJ 765B има величина од 13 и се смета за придружничка во облик на подџуџе. GSC 03564-00642 е црвено џуџе, исто така е со величина 13, и придружна на θ Лебед со заедничко сопствено движење.[7]
θ Лебед B има привидна величина од 13,03,[3] што е преслабо за да се забележи без телескоп. Припаѓа на класата M3 V[5] и е со процената маса една третина од Сончевата.[10] θ Лебед A и B заедно патуваат низ вселената со голема стапка на сопствено движење од 0,261 лачни секунди годишно, или 0,4° по век.[3] Можно е самата θ Лебед B is да е близок двоец од две црвени џуџиња, во кој случај тие поединечно би биле послаби и помалку масивни од единечната ѕвезда.[7]
Можна планета
уредиКолебањата во радијалната брзина на Тета Лебед забележани од ELODIE[10] укажуваат на можен растројувачки планетарен објект кој двапати помасивен од Јупитер, кој прави круг околу главната ѕвезда за 150 дена.[10] Оваа вонсончева планета сè уште не е сосема потврдена. ВО Ликовата опсерваторија се добиени наоди за разлики во радијалната брзина во овој период како и во годишни истозначници, но овие сигнали немаат постигнато статистичка значајност.[14]
Придружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
b (непотврдено) | ≈2,3 MJ | 0,635 | 154,5 | 0 | — | — |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 van Leeuwen, F. (November 2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Holmberg, J.; Nordstrom, B.; Andersen, J. (July 2009), „The Geneva-Copenhagen survey of the solar neighbourhood. III. Improved distances, ages, and kinematics“, Astronomy and Astrophysics, 501 (3): 941–947, arXiv:0811.3982, Bibcode:2009A&A...501..941H, doi:10.1051/0004-6361/200811191
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Lépine, Sébastien; Shara, Michael M. (March 2005), „A Catalog of Northern Stars with Annual Proper Motions Larger than 0.15" (LSPM-NORTH Catalog)“, The Astronomical Journal, 129 (3): 1483–1522, arXiv:astro-ph/0412070, Bibcode:2005AJ....129.1483L, doi:10.1086/427854
- ↑ 4,0 4,1 Eggen, O. J. (1962), „Space-velocity vectors for 3483 stars with proper motion and radial velocity“, Royal Observatory Bulletin, 51: 79, Bibcode:1962RGOB...51...79E
- ↑ 5,0 5,1 Haas, Michael Robert; и др. (January 2011), „Public Kepler Data on the Bright Star Theta Cygni“, Bulletin of the American Astronomical Society, 43: 140.07, Bibcode:2011AAS...21714007H
- ↑ 6,0 6,1 Nicolet, B. (1978), „Photoelectric photometric Catalogue of homogeneous measurements in the UBV System“, Astronomy and Astrophysics Supplement Series, 34: 1–49, Bibcode:1978A&AS...34....1N
- ↑ 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 7,11 7,12 Guzik, J. A.; и др. (2016). „Detection of Solar-like Oscillations, Observational Constraints, and Stellar Models for θ Cyg, the Brightest Star Observed by the Kepler Mission“. The Astrophysical Journal. 831 (1). 17. arXiv:1607.01035. Bibcode:2016ApJ...831...17G. doi:10.3847/0004-637X/831/1/17.
- ↑ 8,0 8,1 Boyajian, Tabetha S.; и др. (February 2012), „Stellar Diameters and Temperatures. I. Main-sequence A, F, and G Stars“, The Astrophysical Journal, 746 (1): 101, arXiv:1112.3316, Bibcode:2012ApJ...746..101B, doi:10.1088/0004-637X/746/1/101. See Table 10.
- ↑ Bernacca, P. L.; Perinotto, M. (1970), „A catalogue of stellar rotational velocities“, Contributi Osservatorio Astronomico di Padova in Asiago, 239 (1): 1, Bibcode:1970CoAsi.239....1B
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 Desort, M.; и др. (November 2009), „Extrasolar planets and brown dwarfs around A-F type stars. VII. θ Cygni radial velocity variations: planets or stellar phenomenon?“, Astronomy and Astrophysics, 506 (3): 1469–1476, arXiv:0908.4521, Bibcode:2009A&A...506.1469D, doi:10.1051/0004-6361/200911731
- ↑ „The Colour of Stars“, Australia Telescope, Outreach and Education, Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation, December 21, 2004, Архивирано од изворникот на 2013-12-03, Посетено на 2012-01-16
- ↑ Takeda, Genya; и др. (2007), „Structure and Evolution of Nearby Stars with Planets. II. Physical Properties of 1000 Cool Stars from the SPOCS Catalog“, The Astrophysical Journal Supplement Series, 168 (2): 297–318, arXiv:astro-ph/0607235, Bibcode:2007ApJS..168..297T, doi:10.1086/509763
- ↑ Cunha, Katia; и др. (February 2000), „A Uniform Analysis of Boron in F and G Disk Dwarfs fromHubble Space Telescope Archival Spectra“, The Astrophysical Journal, 530 (2): 939–948, Bibcode:2000ApJ...530..939C, doi:10.1086/308415
- ↑ Howard, Andrew W.; Fulton, Benjamin J. (2016). „Limits on Planetary Companions from Doppler Surveys of Nearby Stars“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 128 (969). 114401. arXiv:1606.03134. Bibcode:2016PASP..128k4401H. doi:10.1088/1538-3873/128/969/114401.