Бочац (castrum Bochaz, castello Bozaz) е тврдина во Република Српска (БиХ), чии остатоци се наоѓаат крај истоименото место, над Врбас, недалеку од Мркоњиќ Град. Првпат во извори се споменува во 1434 година

Тврдина Бочац
Тврдина Бочац
Карта
Општи податоци
ГрадМркоњиќ Град
ЗемјаРепублика Српска Босна и Херцеговина
Координати44°30′30.5″N 17°09′35.5″E / 44.508472° СГШ; 17.159861° ИГД / 44.508472; 17.159861

, во врска со продорот на војската на кралството Угарска, која дошла на помош на кралот Твртко II (прво владеењње од 14041409, друго владеење од 14211443), во борба против Османлиите и Радивој Остојиќ Котроманиќ. По османлиското освојување на кралството Босна кон крајот на јуни 1463 година, кралот на Маѓарска Матија Корвин (14581490) во текот на есента навлегол во Босна и освоил некои нејзини делови, вклучувајќи го и Бочац. Тој на освоените територии ги формирал Сребреничка та и Јајачката бановина, во чиј состав се наоѓал и Бочац, сè до конечното потпаѓање под османлиската власт во 1516 година. Отоманлиската војска ја напуштила тврдината пред 1833 година[1], кога во извори се наведува како пусто утврдување.

Тврдината Бочац е подигната на пола патот помеѓу Бањалука и Јајце, со цел да ја контролира, како долината на Врбас и северниот прилаз кон Јајце, така и патниот правец Кнежево-Чемерница-Бочац-Сурјан, со премин преку реката.

Изглед на утврдувањето

уреди

Бочац е подигнат на карпеста височинка над Врбас и во средниот век имал четири кули. По османлиското освојување, три кули се срушени, додека четвртата, некогашен Донжон, со време била прилагодена за употреба на огнено оружје, така што на нејзиниот врв биле сместени три или четири топа. Таа од надворешната страна е заоблена, а нејзината внатрешност е квадратна, додека дебелината на нејзините ѕидови достигнува и до 3,5 метри.

На источната падина на височинката, која се спушта кон Врбас, се наоѓало подградие , кое било заштитено со бедем кој се спуштал до самата река и истурената кула.

Околу тврдината се развила населба, која се простирала на двете страни на Врбас и најверојатно била споена со мост преку реката, а на местото Црквина во средниот век се наоѓала црква. Темелите на црквата биле видливи, сè до подигање на браната за ХЕ Бочац.

Степен на заштита

уреди

Тврдината Бочац во 2005 година е прогласена за национален споменик на Босна и Херцеговина од страна на Комисијата за зачувување на национални споменици во БиХ.[2]

Наводи

уреди
  1. Мrkonjic-grad.com. „Očuvanje starih tvrđava“. Посетено на 6 април 2011.
  2. „Комисија за очување националних споменика БиХ: Одлука о проглашњеу добра националним спомеником“. Архивирано од изворникот на 5 март 2016. Посетено на 25 февруари 2019.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди