Врбас — река која извира под планината Зец (планина кај Фојница) и после 250 км долг тек се влева во реката Сава кај Србац, на 96 m надморска височина. Површината на сливот на оваа река изнесува околу 5.900 км2 и на нејзините обрегови живеат околу 500 илјади жители. Пред Бања Лука, Врбас проаѓа низ кањон и бројни клисури, кои се заштитени со Законот за заштита на природни вредности од 1955 година. Тече низ: скопљанската котлина, виначката клисура, јајачката котлина, кањонската долина Тијесно, бањалучката котлина, а со долниот тек преку својата макроплавина Лијевче поље. Сливот е со издолжена форма со должина од 150 км и просечна широчина од 70 км. Просечна надморска височина е 690 м.н.в., а највисока точка во сливот е на околу 2100 м.н.в. Просечни годишни врнежи се движат од околу 800 l/m2 при утоката на Врбас во Сава до околу 1500 l/m2 на јужниот дел на сливот. Просечно повеќегодишно истекување од сливот на реката Врбас изнесува околу 132 m³/s. Просечно специфично истекување изнесува околу 20,7 l/s/км2.

Врбас
Местоположба
Физички особености
УстиеСава
Должина250 км
Особености на сливот

Има 36 директни притоки подолги од 10 км, а најзначајни се Плива, Река, Црна ријека и Врбања. Сливот на реката Врбас во горниот тек го сочинуваат многубројни помали реки: Притоки на Врбас се и Десна, Тушница, Трновача, Крушчица, Бистрица, Бунта, Вилешки поток (Вилешка ријека), Весочница, Поричница, Витина (Витинска ријека), Дубока, Прусачка и Оборачка ријека и Семешница.[1][2][3][4][5][6][7][8]

Притоките на Врбас се познати по богатство на рибин фонд, а реката Врбас е позната по 22 видови на риби. Најчести видови кои можат да се најдат во горниот тек се пастрмка, липљен и младица.

Реката протекува низ општините Горен Вакуф, Бугојно, Долен Вакуф, Јајце, Бања Лука (град), Лакташи, Србац и Градишка.

Кањонот на Врбас

уреди

Кањонот на Врбас се наоѓа на само 12 км од центарот на Бања Лука, а се одликува со богат растителен и животински свет, културно - историски споменици, исто така и со природни реткости. Големи води се појавуваат во периодот март-мај, а најизразени се во април. Маловодни периоди се јавуваат во периодот август-септември, со минимален проток во август. На подрачјето на кањонот се наоѓаат остатоци од средновековните босански градови Гребен (1192), Земљаник (1287) и Звечај (1404), кои пружааат единствено доживување со своите видиковци, кои гледаат на долината на Врбас и неговиот кањон. На целосниот свој тек, Врбас создал идеални услови за развој на биоразновидност. Стрмните карпи на кањонот на Врбас се дом на орлови, соколи и јастреби. Просторот на кањонот на Врбас е погоден за развој на наутички, авантуристички, спортско-рекреативен, научен, транзитен, риболовен и излетнички туризам.[9]

Одлики на реката

уреди
 
Врбас покрај Кастел во Бања Лука

Во горниот тек од изворот до Јајце е планинска река со многу брзаци и слапови, во средниот тек, од Јајце до Бања Лука, со нагласен пад на коритото се пробива низ длабок варовнички кањон, а во долниот тек, од Бања Лука до утоката, е типична рамничарска река. Врбас го карактеризираат ретки и благородни видови на риби од семејството салмонида како што се: поточна пастрмка, липљен и младица. Тоа зборува и за исклучително квалитетна вода. Специфичност на Врбас претставува и чамецот дајак, кој го добил името по стапот којшто служи за гурање на чамецот. Брзаците, слаповите, буковите, неговите плаже, околните карпи, богатството од растителен фонд – исто така го прават Врбас посебен.[10]

Симбол на Бања Лука

уреди
 
Брегот на Врбас, Бања Лука

Најголем град на Врбас е Бања Лука. Врбас е главен водотек на Бања Лука кој градот го дели на два дела. Течејќи од југ кон север на подрачјето на градот, во Врбас се влеваат притоките: Врбања, Сутурлија, Црковна, Швракава, Рекавице и др. Треба да се напомене исто така дека при изградба на градежни објекти покрај брегот на Врбас, во многу бањалучки населби, се задржало правилото „поглед на реката“. Реката Врбас се споменува во бројни песни за Бања Лука, како песната на Мирослав Јањанин своевидна химна на градот „Мој Град“. И самиот назив на Градот има врска со реката Врбас, бидејќи зборот „лука“ во назив на Градот означува плодна рамнина покрај река. Основна суровина за обезбедување на питка вода е реката Врбас, а водозафатно подрачје се наоѓа во Новоселије, 6 км низводно од Градот.

Хидроелектрана на Врбас

уреди
 
Врбас

Хидроелектраната “Бочац” е изградена и пуштена во работ на 5 декември 1981. Изградената хидроелектрана користи 16,2% од вкупниот хидропотенцијал на реката Врбас со притоките. Овој дел од хидропотенцијалот на Врбас во целост се наоѓа во Република Српска. Со распадот на електроенергетскиот систем на БиХ во 1991 година, Хидроелектраната “Бочац” работела едно време самостојно. Во воените околности испорачувала електрична енергија во бањалучката регија, Личката Краина и Западна Славонија.

Од 1992 година Хидроелектраната “Бочац” работи во рамки на матичното претпријатие „Електропривреда Републике Српске“[11]

Сплаварење на Врбас

уреди

На реката Врбас во Бања Лука одржано е Светското првенство во сплаварење во 2009 година, и Европско првенство во рафтниг во 2005 година. Таа е единствена река во Европа каде постои патека за ноќно сплаварење. Најдобро време за сплаварење е пролетта и летото. Проечна летна температура на водата е 17 степени, а на воздухот 30. Покрај сплаварењето, на оваа река се одржуваат и бројни меѓународни натпревари во кајак и кану. Најпопуларни патеки за сплаварење се: Звечај, Ада и Бијели Бук, а се наоѓаат во бањалучката населба Карановац. Време потребно за спуштање на наведените патеки е од 30 минути - 3 сата и 30 минути.

Песни за Врбас

уреди

"Врбас вода носила јаблана" (македонски јазик " Врбас вода носела јаблан"), „Ој Врбасе водо хладна" (македонски јазик „Ој Врбасе водо ладна"), „Крај Врбаса сједи момче“ (македонски јазик „Порај Врбас седи момче“), „Врбас вода“, "Возила се по Врбасу лађа“ (македонски јазик "Се возела по Врбас лаѓа“), "Ој Врбасе ти ми чуваш тајну“ (македонски јазик "Ој Врбасе ти ми ја чуваш тајната“), "Зелена ријеко“ (македонски јазик "Зелена реко“) ... тоа се песни кои ја опевале реката Врбас.

Многу пејачи ја пееле песната „Зелена ријеко“(македонски јазик „Зелена реко“ ) , која првпат е изведена на фестивалот „Први аплауз“(македонски јазик „Првиот аплауз“ )во Бања Лука во 1973 (Емиp Башиќ). Песната зборува за Врбас и љубовта, која многу млади ја доживеале покрај Врбас.

Историја на населувања и изградба на инфраструктура покрај Врбас

уреди
 
Врбас

На двете страни на Врбас се развиле уште од палеолитскиот период населби на различни племиња, кои во оваа благонаклонета долина се задржавале, живеле и развивале. Со сигурност се знае дека во предримскиот и римскиот период оваа подрачје го населувало илирското племе Мезеја, кои заједно со овие простори се вклучени во римската покраина Илирик.

По пропаста на Римското Царство словенските племиња го населуваат оваа подрачјево текот на VI и VII век од новата ера. Во средновековниот период по должината на брегот на Врбас никнуваат поголем број на утврдувања. Прва населба од ориентален тип, по доаѓањето на Османлиите во 1582 година, се развила околу Царево маало. Бања Лука станува седиште на пространиот Босански пашалак, што доведува до забрзан развој на градот. Ферхад-паша гради млинови и мостови преку Врбас.

Подоцна во 19 век, Австроунгарци работеле на изградба на инфраструктура преку и покрај реката, а се населуваат и сè поголем број на странци покрај Врабас. За време на Кралството СХС по Врбас носела име и една бановина, чие средиште била Бања Лука.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Vojnogeografski institut, Изд. (1961): Donji Vakuf (List karte 1:100.000, Izohipse na 20 m).
  2. Vojnogeografski institut, Beograd.
  3. Vojnogeografski institut, Изд.(1961): Jajce (List karte 1:100.000, Izohipse na 20 m). Vojnogeografski institut, Beograd.
  4. Vojnogeografski institut, Изд. (1961): Banja Luka (List karte 1:100.000, Izohipse na 20 m). Vojnogeografski institut, Beogad
  5. Spahić M. et al. (2000): Bosna i Hercegovina (1:250.000). Izdavačko preduzeće „Sejtarija“, Sarajevo.
  6. kartabih
  7. Mučibabić B., Уp. (1998): Geografski atlas Bosne i Hercegovine. Geodetski zavod BiH, Sarajevo.
  8. Републички хидрометеоролошки завод - Почетна
  9. „Службена страница Града Бање Луке“. Архивирано од изворникот на 29 октомври 2013. Посетено на 24 октомври 2013.
  10. „Одлике ријеке“. Архивирано од изворникот на 29 октомври 2013. Посетено на 24 октомври 2013.
  11. „Хидроелектране на Врбасу“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2020-02-10.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди