Елвира Сахипзадовна Набиулина (руски: Эльвира Сахипзадовна Набиуллина; башкирски: Нәбиуллина Эльвира Сәхипзада ҡыҙы; р. 29 октомври 1963) — руски економист и раководител (претседател) на Централната банка на Руската Федрација. Служела како советник за економски работи на претседателот Владимир Путин од мајк 2012 до јуни 2013 г.[1] откако претходно била на функцијата Министерка за економски развој и трговија од септември 2007 до мај 2012 г.[2]

Елвира Набиулина
Претседател на Централната банка на Руската Федерација
На должноста
Стапил
24 јуни 2013
Премиер Димитриј Медведев
Претходник Сергеј Игнатјев
Лични податоци
Роден(а) 29 октомври 1963(1963-10-29)(60 г.)
Уфа, Башкирска АССР, РСФСР, СССР
Партија Единствена Русија
Установа Московски државен универзитет

Дипломирала на Економскиот факултет при Московскиот државен универзитет во 1986 г..[3]. Во периодот од 1991 до 1994 година работела во Руската унија за индустријалци и претприемачи.[3]. Во текот на 1994 година се преселила да работи во Министерството за економски развој и трговија, достигнувајќи го нивото на заменик-министер во 1997 година. Во 1998 година ја напуштила службата и започнала да работи во една тинк-тенк организација за стратешки развој.[3]. Во 2000 година повторно се вратила во министерството. Во периодот од 2003 до 2007 таа раководела со Центарот за стратегиски развој.

Во септември 2007 година станала Министер за економски развој и трговија. На 21 мај 2012 г. на функцијата доаѓа Андреј Белоусов.[2] Во 2012 г. била една од шесте виши функционери кои на новата влада по враќањето на Путин.

Во 2013 г. е назначена за раководител на Централната банка на Руската Федрација и така станала првата Русинка во Г8.[4] Во мај 2014 г. спсанието „Forbes“ ја прогласило за една од најмоќните жени во Русија, „со тешката задача да се справува со курсот на рубљата за време на Кримската криза, и притоа да овозможи пораст на економијата во обид да се избегне рецесија".[4]

Во текот на 2014 г. рубљата бележела драстичен пад во курсот, кој Набиулина го решила со нагло и значајно зголемување на каматните стапки.[5]

Наводи уреди

  1. New Kremlin Aides Allotted Responsibilities, RIA Novosti, 23 мај 2012
  2. 2,0 2,1 „Andrei Belousov appointed Economic Development Minister“. Interfax. Moscow. 21 May 2012. Архивирано од изворникот на 2014-02-19. Посетено на 28 March 2013.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Elvira Nabibullina. Biography“ (руски). RIA Novosti.
  4. 4,0 4,1 „Russian Central Banker Nabiullina Among Forbes' Most Powerful Women“. MoscowTimes.com. 29 May 2014. Архивирано од изворникот на 2016-07-16. Посетено на 27 August 2014.
  5. Kirby, Paul (16 December 2014). „Russia economy: What is the risk of meltdown?“. BBC News. Посетено на 17 December 2014.

Надворешни врски уреди