Татари

(Пренасочено од Татар)

Татари (татарски: Tatarlar/Татарлар)— заедничко име за некои туркојазични народи од Источна Европа и Средна Азија. Денешниот татарски јазик се однесува кон кипчачката група на туркиските јазици. Денешните Татари се делат на Сибирски Татари, Астрахански Татари, Вазански Татари и Кримски Татари.

Татари
Tatarlar / Татарлар
Податотека:Bronson 1973.jpg

Податотека:Rinat Akhmetov.jpg



Вкупен број
6,426,900[1]
Подрачја со значајно население
 Русија5,554,601[2]
 Узбекистан324,080[3]
 Казахстан261,000[4]
 Таџикистан97,000[4]
 Украина69,000[4]
 Туркменистан60,000[4]
 Киргистан52,000[4]
 Азербејџан30,000[4]
 Турција26,000[4]
 Романија23,000[5]
 Белорусија13,000[4]
 САД11,000[4]
 Кина7,500[4]
 Полска4,900[4]
 Грузија3,700[4]
 Литванија3,000[4]
 Молдавија2,800[4]
 Латвија2,689[6]
 Естонија2,500[4]
 Финска800[4]
Јазици
татарски јазик, руски јазик
Вероисповед
Воглавно ислам со малцинско православно население[7]

Историски, Татарите се едно од монголските племиња и зборуваат на монголски јазик. Покорени од Џингис Хан, подоцна се вклучуваат во монголските напади врз Азија и Европа. Името ,,Татари" средновековните писатели го изведуваат од името на Тартар, грчки бог на подземниот свет, како поврзување со бруталноста на татаро-монголските орди во Европа. Така името ,,Татари" е употребувано за опис на сите народи кои прегазиле делови од Азија и Европа под водство на Монголците во 13 век. Подоцна под истото име се подразбираат речиси сите номадски освојувачи од Азија, независно дали се од Монголија или од крајните западни делови на Азија. До почетокот на 20 век, Русите со името ,,Татари" именуваат бројни народи, почнувајќи од Азерите до сибирските племиња.

Денес Татарите живеат во средишните и јужните делови на Русија, (мнозинството во Татарстан), Узбекистан, Казахстан, Украина, Таџикистан и Киргистан. Нивната бројност е околу 10 милиони. Мнозинството се муслимани.

Денешните Татари потекнуваат од населението на наjзападниот дел на монголската држава — Златна Орда, која опфаќа делови од денешна Украина, Русија и Казахстан. Таму Татаро-Монголците биле малуброjни и се измешале со локалното кипчачко (куманско население), како и со други постари народи како Прабугарите. Кипчачкиот туркиски јазик се наложил како доминантен и се зборува во различни дијалекти од денешните Татари. Подоцна Златната Орда се разделила на неколку делови, меѓу кои се и Казањското, Астраханското и Кримското Ханство.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Татари
  2. „Демоскоп Weekly - Приложение. Справочник статистических показателей“. Demoscope.ru. Посетено на 2011-03-07.
  3. „Uzbekistan - Ethnic minorities“ (PDF). Посетено на 2011-06-03.[мртва врска]
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 Joshua Project. „Tatar Ethnic People in all Countries“. Joshua Project. Посетено на 2011-03-07.
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-10-25. Посетено на 2009-10-25.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-10-21. Посетено на 2011-09-10.
  7. „Ethno-cultural Internet-server of the Kryashens“. Kryashen.ru. 2000-12-07. Посетено на 2011-03-07.