Колудеј
Колудеј (грчки: Λουδίας, Лудијас, турски: Karaazmak, Караазмак[1]) — река во Егејска Македонија, денес во Грција. Должината ѝ е 35 километра.
Течение
уредиРеката извира од планината Пајак. Минува низ градот Пазар (Ениџе Вардар), Солунското Поле и се влева со заедничката делта со Вардар и Бистрица во Солунскиот Залив. Во минатото, на Колудеј се наоѓало денес пресушеното Ениџевардарско Езеро. Во долното течение, реката образува граница меѓу општините Делта од североисток и Гида од југозапад.
Историја
уредиИмето Колудеј е замането со древното име „Лудија“ по потпаѓањето на Егејска Македонија под грчка власт во во 1913 г. согласно нивната политика за присвојување на древната македонска историја. Според Херодот, во антиката Лудија ја делела македонската област Ематија од грчка Беотија, а според Скилакс, таа е притока на друга река.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Бабев, Иван. Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр. 153.