Единствена Македонија
Единствена Македонија — македонска десничарска политичка партија. Претседател на партијата е Јанко Бачев.
Единствена Македонија | |
---|---|
Водач | Јанко Бачев |
Генерален секретар | Илија Ташев |
Гесло | За народот, за Македонија |
Основана | 2002 |
Штаб | Скопје |
Идеологија | национализам евроскептицизам |
Полит. положба | десница |
Бои | жолта, црвена |
Собрание | 0 / 120 |
Општини во Македонија | 0 / 80 |
Мрежно место | |
www.edinstvenamakedonija.mk | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Историја и учество на избори
уредиПартијата за првпат по своето формирање учествувала самостојно на Парламентарните избори во 2002 година каде што освоила 2.230 гласови (0,1 %).[1] На Парламетнарните избори во 2006, 2008 и 2011 НДМ учествувала во коалиции предводени од ВМРО-ДПМНЕ,[2][3][4] додека на Парламентарните избори во 2014 година, по 12 години учество во коалиција, повторно настапила самостојно и освоила околу 1.900 гласови (0,1 %).[5] Партијата не учествувала на Парламетнарните избори во 2016 година поради тоа што Државната изборна комисија ги отфрлила кандидатските листи на партијата.[6] НДМ на ниеден парламентарен изборен циклус нема освоено пратеничко место.
Во јануари 2018 година Централниот комитет на партијата одлучил партијата да се преименува во Единствена Македонија како и промена во политиките околу зачленување на Република Македонија во НАТО и Европската Унија, а доближување до политиките на Русија.[7]
На Парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција „Никогаш Северна само Македонија“ заедно со ФРОДЕМ и освоила 2.604 гласа, односно 0,29% од вкупен број на гласови, со што не освоила пратенички мандат.
На парламентарните избори во 2024 партијата освоила 1688 гласа, односто 0.17% од гласовите.
Наводи
уреди- ↑ Извештај за избори на пратеници - 2002 Архивирано на 16 октомври 2016 г., Изборна архива
- ↑ Извештај за избори на пратеници - 2006 Архивирано на 16 октомври 2016 г., Изборна архива
- ↑ Извештај за избори на пратеници - 2008[мртва врска], Изборна архива
- ↑ Графички приказ на резултати од парламетнарни избори во 2011 година Архивирано на 18 јануари 2017 г., Државна изборна комисија на Македонија
- ↑ Извештај за избори на пратеници - 2014 Архивирано на 16 октомври 2016 г., Изборна архива
- ↑ Отфрлени и листите на Јанко Бачев, Фокус, 15.11.2016
- ↑ Партијата на Бачев се прекрсти во Единствена Македонија, ќе се залагаат за сојуз со Русија, Макфакс, 21.01.2018