Список на микродржави
список на статии на Викимедија
Ова е список на досега познати микродржави.
Официјално име | Знаме | Основана | Опис |
---|---|---|---|
Аериканска империја | 1987 | Основана е од Ерик Лис и неговите пријатели. | |
Аетерна Лусина | 1978 до 1990-те | Австралиска микронација. Неколку стопанственици биле обвинети за измами со визи, додека основачот не. | |
Акзивланд | 1960-те | Израелска микронација, основана од поранешниот војник Ели Авиви. Се состои од неколку енклави по брегот, петежно поранешни арапски села. Жителите ја напуштиле во текот на војната во 1967. Државата е толерирана од страна на Израел. | |
Атлантис | 1970-те | Проект на американски либеријанци да изгрдадат брод Liberty кој би пловел по Карпиското Море. Бродот бил уништен од ураганите и проектот запрел. | |
Атлантиум | 1981 | Глобална суверена група сместена во Сиднеј. | |
Арамоана | 1980 | Мала новозеландска заедница која самопрогласила независност поради плановите на тоа место да се изгради алуминиумска топилница. | |
Аврам | 1980-те | Нетериторијална микронација, основана од ексцентрични самонаречени "Војводиe" кои биле избрани во Тасманскиот парламент. | |
Бјорн-Социјалистичка Република | 2005 | Независна држава од околу 6 квадратни метри, сместена на карпата Ова изгледа како трактор ("that looks like a tractor"), во езерото Имелн, во провинцијата Сканија, Шведска. Државата е марксистичка. | |
Британска Западна Флорида | 2005 | ||
Република Конч | 1982 | Државата беше формирана само како протест за да се запре воспоставување на Американска гранична патрола вогорниот дел на Флорида Киз. Игнорирана е и живее од туризам. | |
Копеманска Империја | 2003 | Основач е Ник Коупман, кој го промени името во Крал Николас I. Англиска микронација. | |
Геј и лезбиско Кралство на Островите на Коралното Море | 2004 | Основана како симболичен политички протест на група хомо активисти, која се наоѓа во зугоисточен Квинсленд Австралија. | |
Елеоре | 1944 | Микронација основана од група од 6 учители, кои се наоѓаат на данскиот остров Елеор. Водена е од монархот, Крал Лео III од Елеор | |
ЕненКио | 1994 | Основана е на Атолот Вејк на маршалските острово, и беше обвинета за манипулација и иџдавање на лаќни пасоши и дипломатски документи. | |
Фрестонија | 1977 | Фрестон Роад во Западен Лондон се обиде да се отцепи од Велика Британија како Фрестонија. Глумецот Дејвид Рапапорт бил министер за надворешни работи. | |
Хај-он-Вие | 1977 | Град во Велс кој прогласил независност од страната на Ричард Бут како поплитички подвиг. | |
Хуманост | 1878 | Поранешна микронација, која се наоѓа на Острови Спретли, која се спои со Република Морак-Сонгарати-Меадс во Септември 1963. | |
Морак-Сонгарати-Меадс | 1959 | Сегашна микронација која се наоѓа на Острови Спретли. Територијата де факто е под воена контрола на Кина, Малезија, Филипините, Тајван, и Виетна, од кога е откриена нафта во 1968. | |
Книпхаизен | 1810 | Баронија од Олденбург. | |
Кугелмугел | 1984 | Топчеста куќа изградена од артистот Едвин Липбургер. | |
Хат Ривер | 1970 | Голема фарма во Западна Австралија. | |
Индиан Стрим | 1800-те (порано) | Гратче на американско-канадската граница која се формирала после нејасниот Париски договор со која е прогласена независност. Независноста е евентуално решена и градот се вика Питсбург, Њу Хемпшир. | |
Ладонија | 1980 | Микронација формирана од страна на шведскиот глумец Ларс Вилкс. | |
Лавли | 2004 | Хумористична интернет микронација оформена од Дени Валас како дел од BBC TV серијата How to Start Your Own Country; | |
Ланди | 1925-1931 | Остров на западниот брег на Англија, која историски (1100-1200s AD) била полунезависна држава. | |
Мелчизедек | 1986 | Доминионот Мелчизедек (DoM) е микронација која е позната по многуте банкарски манипулации ширум светот. | |
Нова Утопија | 1990s | Либертаријанска микронација која се наоѓа на платформа во карипското Моте. Оформена е од американскиот изведувач Лазарус Лонг. | |
Друго Светско Кралство | 1996 | Апсолутна монархија/матријархат со строги БДСМ теми, во која жените владеат над мажите. Во секој случај таа е дел од Чешка. | |
Марлбороу | 1993 | Краткотрајна микронација во Австралија. Фармер прогласил независност за да спречи законско иселување од имото после банкрот. | |
Минерва | 1973 | Формирана е на Минерва гребенот јужно од Фиџи. Но островот беше анектиран од Тонга. | |
Молосија | 1977 | Микронација основана од Кевин Бог, која има територија во руралните предели на Невада. Типична банана-држава. | |
Перлоја | 1918-1923 | Основана е во Литванија. Има свој суд, полиција, затвор, валута (Perloja Litas), и армија од 300 луѓе. | |
Рејнбоу Крик | 1979 | Фармер кој се отцепува од Викторија. | |
Редонда | 1865 | мнал ненаселен остров во карипското Море кое сега легално е дел од Антигва и Барбуда. | |
Роуз Ајленд | 1968 | Обид за да се оформи држава на оф-шор платформа во близина на италијанскиот град Римини. После изградбата италијанската влада комплетно ја уништи. | |
Сожо | 1947 | Сместена е во источна Франција во департманот Дубс. | |
Силенд | 1967 | Најпозната микро нација која се наоѓа на поранешна платформа во блиџина на Англискиот брег. | |
Себорга | 954 | Гратче во италијанскиот регион Лигурија, која во никој случај не признава дека е дел од модерната италијанска држава. | |
Сулу и Сабах | 1823 | Се изјаснува дека има лефитимитет над историскиот Султанат Сулу и архипелагот (на Филипините) и Сабах (во Малезија).[1] | |
Сунда | Непознато | Се сметаат дека се наследници на историското Кралство на Сунда и Галух. | |
Талоса | 1979 | Микронација основана од Роберт Бен Медисон. | |
Таволара | 1836 | Остров во североисточниот брег на Сардинија, и никогаш не е анексирано од италија. | |
Тринидад | 1893 | Остров во Јужен Антлантик, но анексиран е од страната на Бразил. | |
Викесланд | 2005- | Две територии во Манитоба, Канада прогласија уставна монархија. | |
Вејвленд | 1997-1999 | Каменит остров во Северниот Атлантик познат како Рокал. Гринпис го окупира за кратко време и го прогласи за независна држава. Се беше со цел за да се спречи нафтеното дупчење во областа. Во 1999 проектот колабирање и зоната стана туристичка. | |
Вендланд | 1980 | Германски антинуклеарен протест во регионот Лихов-Даненберг, кој беше окопиран од илјадници демонстранти. Но по неколку недели беше под полициска контрола. | |
Вангамомона | 1989 | rурално nовозеландско место | |
Либерланд | 2015 | парче ничија земја меѓу Србија и Хрватска на која полага право чешкиот политичар Вит Једличка. |