Силенд
Силенд (англиски: Principality of Sealand) е микронација која полага право на вештачкиот остров Раф Тауер, воена платформа од Втората светска војна во Северното Море, 10 км од брегот на Велика Британија (на координатите 51°53′ 40 N°1′ 28), како и на територијалните води околу во пречник од 12 наутички милји. Силенд го зазел Педи Рој Бејтс со семејството и соработниците, кои себеси се прогласил како Принц Рој од Силенд.
Кнежевство Силенд Principality of Sealand (англиски)
Микронација |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "E Mare Libertas" "Од морето, Слобода" |
||||||
Химна: "E Mare Libertas" |
||||||
Местоположбата на Силенд
|
||||||
Главен град (и најголем) | Силенд 51°53′N 1°28′E / 51.883° СГШ; 1.467° ИГД | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Народности | Европејци северноамериканци |
|||||
Демоним | силендец | |||||
Уредување | Уставна монархија | |||||
• | Принц | Мајкл Бејтс | ||||
Основана | ||||||
• | Основање | 2 септември 1967 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 0,004 км2 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | 3 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за г. | |||||
• | Вкупен | $600,000 | ||||
• | По жител | $22,200[1] | ||||
Валута | Силендски долар (иста ведност со USD) (SX$ ) |
|||||
Часовен појас | GMT | |||||
Страница sealandgov.org |
Силенд е веројатно светски најпознатата микронација, и иако нејзиниот суверенитет ретко се сфаќа сериозно, примерот на Силенд неретко се цитира во дебатите за меѓународното право.
Историја
уредиИзградба на платформата
уредиЗа време на Втората светска војна, британската влада изградила неколку платформи во Северното Море за да ги брани своите брегови од германските освојувачи. Некои од овие платформи (вклучувајки го и Силенд) биле изградени нелегално во меѓународни води. [2]
Прогласување на Силенд
уредиВо раните 60-ти, Рој Бејтс, мајор во британската армија, нелегално основал радио станица, сместена на крајбрежјето на напуштена поранешна поморска платформа наречена „Кук Џон“. [3]
Битки за суверенитет
уредиНабргу по прогласувањето на независноста, принцот Мајкл, одби седум обиди за вооружена инвазија, употребувајќи арсенал пиштоли и рачно изработени проектили. Кон крајот на шеесетите години, Силенд ќе се најде во борба за опстанок на неколку фронтови бидејќи британската влада станала свесна за Силенд и за потенцијалните проблеми поврзани со новата земја на седум милји од нивниот брег. [4]
Географија
уредиСиленд официјално е дел од британските територијални води. Оддлачен е околу 7 милји од британскиот брег. Зафаќа површина од 550 m² и бројот на престојувачи ретко надминува петмина луѓе.
Галерија
уреди-
Кнежевството Силенд
-
Силендските монети, од лево кон десно: Поливина долар,1 сребрен долар и четврт долар
Наводи
уреди- ↑ „Information on the Principality of Sealand including GDP“ (PDF). Summit of Micronations. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-15. Посетено на 2007-11-13.
- ↑ „History of a Nation“.
- ↑ „History of a Nation“.
- ↑ „History of a Nation“.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Мрежно место на бунтовничката влада Архивирано на 24 октомври 2005 г.
- [1] Архивирано на 6 јуни 2014 г. - Најнови вести од силендарците
- Sealand News Архивирано на 10 ноември 2007 г. - Официјалниот весник
- Sealand National Anthem Архивирано на 30 октомври 2007 г. - MIDI file на државната химна.info
„Силенд“ на Ризницата ? |