Серија А 2019-2020: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox football league season 2 |competition = {{Лига-Серија А}} |season = 2019-2020 |dates...
(нема разлика)

Преработка од 23:52, 3 август 2020

Серија А 2019-2020 била 118-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 88-ма сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 24 август 2019, а завршила на 3 август 2020.

Сезона2019-2020
ПрвациЈувентус Јувентус
36. титула
Испаднале
Лига на шампиони
Лига Европа
Одиграни натпрвари380
Најдобар стелецИталија Чиро Имобиле
(36 гола)
Најголема победа дома7-1
Аталанта - Удинезе
(27 октомври 2019)
6-0
Интер-Бреша
(1 јули 2020)
Најголема победа во гости0-5
Торино - Аталанта
(25 јануари 2020)
Натпревар со најмногу голови2–7
Лече - Аталанта
(1 март 2020)
Најголема серија на победи11 натпревари
Лацио Лацио
Најголема серија без пораз21 натпревари
Лацио Лацио
Најголема серија без победа14 натпревари
Бреша Бреша
Најголема серија на порази7 натпревари
Бреша Бреша
Лече Лече
СПАЛ СПАЛ
Торино Торино
Најголема посетеност75,923
Интер - Јувентус 1-2
(6 октомври 2019)
Најмала посетеност8,182[1]
Аталанта - Торино 2-3
(1 септември 2019)
(Игран во Парма)
Вкупна посетеност6,610,983
Просечна посетеност27,205

Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2018-2019. Бреша, Лече и Верона биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.

Сезоната првично била закажана да трае од 24 август 2019 до 24 мај 2020 година.[2] Сепак, на 9 март 2020 година, италијанската влада го прекинала првенството до 3 април 2020 година, поради пандемијата на коронавирус во Италија. Подоцна, лигата била прекината на неодредено време, наведувајќи дека ќе продолжи само ако „здравствените услови тоа го дозволат“.[3] На 18 мај било објавено дека италијанскиот фудбал ќе биде суспендиран до 14 јуни.[4] На 28 мај било објавено дека Серија А ќе продолжи од 20 јуни.[5]

На 26 јули 2020, Јувентус ја одбранил титулата на две кола пред крајот после победата на домашен терен над Сампдорија со 2-0.[6] Со тоа клубот од Торино стигнал до своето 36-то скудето во клупската историја, 9-то едноподруго почнувајќи од сезоната 2011-2012. Второто место со само 1 бод помалку од шампионот го освоила екипата на Интер, која со победа во директниот дуел над Аталанта во последното коло избила пред клубот од Бергамо, кој паднал на третата позиција. Четвртото место на крајот од првенството го освоила екипата на Лацио и со тоа биле комплетирани учесниците во Лигата на шампионите за следната кампања.

Петтопласираната Рома, шесттопласираниот Милан, како и седмопласираниот Наполи (кој го освоил Купот на Италија) ќе учествуваат во Лигата на Европа 2020-2021.

Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Лече, Бреша и СПАЛ.

Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Чиро Имобиле од Лацио со 36 постигнати гола, со кои го изедначил рекордот на Гонсало Игуаин од сезоната 2015-2016.

Нотес

  1. Почнувајќи од 8 март 2020, поради пандемијата на коронавирусот во Италија, сите натпревари биле одиграни зад затворени врати.
  2. Serie A 2019/2020: torna pausa invernale. Al via il 24 agosto, ultimo turno il 24 maggio. Sky Sport (на италијански). Објавено на 2 април 2019. Потврдено на 4 април 2019.
  3. „Serie A scraps return date“. Football Italia. 3 April 2020.
  4. „Italian football suspended until June 14“. Football Italia. 18 May 2020.
  5. „Official: Coppa Italia June 13, Serie A 20“. Football Italia. 28 May 2020.
  6. „Јувентус е старо-нов шампион на Италија“. sitel.mk. 27 јули 2020. Занемарен непознатиот параметар |acsessdate= (help)