Спанчово

село во Кукушко, Егејска Македонија

Спанчово или Спанчево (грчки: Λατομείο, Латомио; до 1927 г. Σπάντσοβο, Спанцово[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на областа Централна Македонија, Грција. Има само 1 жител (2011), а атарот зафаќа површина од 25 км2.[3]

Спанчово
Λατομείο
Одбележување на пробивот на Македонскиот фронт во I светска војна пред Сојузничкиот воен споменик, 2012 г.
Одбележување на пробивот на Македонскиот фронт во I светска војна пред Сојузничкиот воен споменик, 2012 г.
Спанчово is located in Грција
Спанчово
Спанчово
Местоположба во областа
Спанчово во рамките на Пајонија (општина)
Спанчово
Местоположба на Спанчово во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°1.51′N 22°36.7′E / 41.02517° СГШ; 22.6117° ИГД / 41.02517; 22.6117
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаРугуновец
Надм. вис.&1000000000000009000000090 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.61200
Повик. бр.+30 23430
Француски војници во Спанчово за време на I светска војна, 1918 г.

Географија уреди

Селото се наоѓа на околу 4 км североисточно од градот Ругуновец, во традиционалната област Солунско Поле.

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Спанчово била мала македонска чифлигарска населба. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Спанчово (Spantchiovo) е село во Авретхисарската (Кукушка) каза со 12 домаќинства, со вкупно 54 жители Македонци.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Спанчево имало 78 жители, сите Македонци.[5][6]

На почетокот на XX век целото население на Спанчово било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоцитена егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Спанчово (Spantchovo) имало 64 Македонци, сите под егзархијата.[6][7]

Потпаѓање под Грција уреди

Во Првата балканска војна е заземено од грчките единици, а летото 1913 г. за време на Втората балканска војна Спанчово е запалено од грчката војска, а македонското население се спасило пребегнувајќи преку граница. Атарот на селото го откупиле велепоседничките семејства Аркудеос и Каратодорос.

Население уреди

Истата 1913 г. во селото е попишано 21 лице, од кои повеќето биле од сточарските семејства доведени како наемници на велепоседите. Ви 1920 г. местото имало 69, а во 1928 г. — 63 жители.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Латомио. Во 1940 г. е заведено дека селото има само 1 жител, поради тоа што велепоседничките семејства се преселиле во Солун. Сепак, во 1951 г. во Спанчово се попишани 172 жители, што значи дека земјопоседниците повторно довеле жители од околните села ги работат имотите.[3] Во претстојниот период бројот на жители почнал да опаѓа, па така во 1961 г. имало 57 лица, во 1971 г. се намалил на 25, а во 1981 г. — 9 жители. Во 1991 г. селото се свело на населба без жители.[3] Во текот на следното десетлетие Спанчово повторно станува населено, со 12 лица во 2001, но само 1 лице во 2011 г.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1 172 57 25 9 0 12 1
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σπάντσοβο - Λατόμι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 123–124.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 168-169.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 151. ISBN 954430424X.
  6. 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 194-195.