Сојуз на комунистите на Хрватска

Сојуз на комунистите на Хрватска (СКХ; српскохрватски: Savez komunista Hrvatske) ― хрватски огранок на Сојузот на комунистите на Југославија (СКЈ). Партијата дошла на власт во 1945 година. До 1952 година била позната како Комунистичка партија на Хрватска (КПХ: Komunistička partija Hrvatske). Во раните 1990-ти, таа претрпеле неколку преименувања и ја загубиле моќта.

Сојуз на комунистите на Хрватска
Savez komunista Hrvatske
ВодачПретседател на Сојузот на комунистите на Хрватска
Основана1 август 1937
Распуштенаод 3 ноември 1990 постои под името Социјалдемократска партија на Хрватска
ПретходникПокраински комитет на КПЈ за Хрватска и Славонија
ШтабЗагреб, СР Хрватска, СФРЈ
ИдеологијаКомунизам
марксизам-ленинизам
титоизам
Полит. положбаЛевица до крајна левица
Државна припадностСојуз на комунистите на Југославија
Бои     црвена
Знаме
Политика на Хрватска
Политички партии
Избори
Хрватски огранок на Сојузот на комунистите на Југославија

Историја

уреди

Кралство Југославија

уреди

Партијата е формално основана во 1937 година со Павле Грегориќ како нејзин прв генерален секретар. Причините за КПЈ да има свој хрватски огранок биле делумно идеолошки, делумно практични. Регионот Хрватска, исто како и Словенија, која во исто време ќе имале своја комунистичка партија, бил најиндустриски развиениот дел од земјата, со најголем процент на работничка класа во населението и, според тоа, со поголема веројатност да го прифати комунизмот отколку рурална Србија.

Другата, попрактична, причина била зголемената маргинализација на комунистите во хрватскиот политички живот поради повеќе презафатената јавност со етничките прашања и положбата на Хрватска во рамките на Југославија (видете Хрватска во Кралството Југославија). Територијалните аспирации на Италија кон хрватските делови на Југославија, исто така, претставуваа можност за создавање на широки сојузи во кои доминирале комунистите по моделот на Народниот фронт.

Пред создавањето на Комунистичката партија на Хрватска, постоела Хрватско-словенечки покраински комитет на Социјалистичката работничка партија на Југославија (комунисти) и имал развиена партиска структура на Социјалистичката партија на Хрватска и Славонија. Далмација имала свои структури до 1937 година.

 
Споменик во Аниндол, изграден на местото на создавањето на Комунистичката партија на Хрватска во 1937 година.

КПХ, исто како и КПЈ, биле нелегални и, според тоа, останале маргинализирани, особено по Договорот Цветковиќ-Мачек од 1939 година и создавањето на Бановината Хрватска во рамките на Кралството Југославија.

Среќата на партијата драматично се промениала со инвазијата од страна на Оската врз Југославија во 1941 година и создавањето на Независна Држава Хрватска. На почетокот на окупацијата на Оската на Југославија, Александар Ранковиќ бил секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Хрватска.[1] Иако КПХ имала многу од нејзините водечки фигури уапсени и убиени од новиот режим, таа останала доволно силна за да го образува она што ќе стане единственото навистина ефективно движење на отпорот во Хрватска – партизаните. КПХ се засновала на идеолошка, а не на етничка основа и, според тоа, имала поддршка и во областите на етничките Хрвати и на етничките Срби. Ова им овозможило на партизаните на Јосип Броз Тито да спроведат на крајот успешна герилска кампања. Платформата на КПХ за повоена нова организација на Југославија на федерална основа привлекла и многу некомунистички Хрвати кон својата кауза, особено во подоцнежните фази на војната.

СФРЈ

уреди
 
Знамето на Хрватска во рамките на СФРЈ.

Во 1945 година Југославија навистина била федерализирана со Хрватска да стане република, но нејзината номинална автономија била од мало значење со тоа што КПЈ била силно централизирана, а КПХ – преименувана во СКХ во 1952 година – бил нејзин составен дел.

 
Зградата Коцкица („коцкичка“). Поранешно седиште на Сојузот на комунистите на Хрватска во Загреб.

Работите почнале да се менуваат кон крајот на 1960-тите кога Тито дозволил реформистичка политика олицетворена на новата генерација комунистички водачи. Оваа генерација ги вклучувало водачите на СКХ, Савка Дабчевиќ-Кучар и Мико Трипало, кои ќе го започнат движењето наречено Хрватска пролет, залагајќи се за поголема автономија на Хрватска во рамките на Југославија. Тие се залагале против централизмот од кој несразмерно бил во корист на источните делови на Југославија, особено Србија и Македонија.[се бара извор]

Движењето, сепак, создало многу етнички тензии и зголемено противење од поконзервативните членови на партијата. Во декември 1971 година, на конференцијата на СКЈ во Караѓорѓево, Тито јавно се оградил од Хрватската пролет, што довело до крајот на движењето. Користејќи го наводниот хрватски национализам како изговор, СКХ потоа била исчистена од повеќето нејзини либерални и реформистички елементи.

Како резултат на тоа, СКХ во 1970-тите станал еден од најконзервативните делови на СКЈ и останал заинтересиран за одржување на идеолошкото и политичкото статус кво дури и кога другите гранки на СКЈ почнале да истражуваат нови идеи.

Поради тоа , СКХ кон крајот на 1980-тите бавно реагирал кога Сојузот на комунистите на Србија под Слободан Милошевиќ имал за цел повторно да ја потврди внатрешен српски интерес. СКХ започнал отворено да го осудува Милошевиќ дури во 1989 година по српските националистички демонстрации во областите кои подоцна ќе станат Република Српска Краина.

Проценувано е дека во 1980-тите, за време на својот зенит, СКХ имала околу 300-400.000 членови. Последователните истражувања покажаче дека поголемиот дел од членството ја напуштиле партијата во 1990 година, а само малцинството остана активно во политиката. Од нив, мнозинството се приклучило на ХДЗ.

Партијата за демократски промени

уреди

Со се поочигледното гледиште, СКХ да биде принудена да дозволи некој облик на повеќепартиска демократија и нејзината моќ да биде пробана на слободни избори, партијата ја сменила политиката и брзо усвоила нова реформска платформа и се заложила за уставни амандмани со кои се овозможувани првите слободни избори во 1990 година.

Во јануари 1990 година, делегацијата на СКХ предводена од Ивица Рачан, го напуштила 14-тиот Конгрес на СКЈ, неколку часа откако делегацијата на Сојузот на комунистите на Словенија го сторила тоа поради расправија со делегацијата на Сојузот на комунистите на Србија.

Во следните неколку месеци, СКХ многу се трудела да се претстави како современа и реформистичка партија, ребрендирајќи се во нова партија наречена Сојуз на комунисти на Хрватска - Партија на демократски промени (СКХ-СДП; Savez komunista Hrvatske - Stranka demokratskih promjena), потоа само на Партија за демократски промени (ПДП; Stranka demokratskih promjena).

Тие и другите промени, сепак, не биле многу убедливи за хрватското гласачко тело и СКХ ја загубила власта од Хрватската демократска заедница на Фрањо Туѓман.

Во 1991 година, таа била преименувана во Социјалдемократска партија на Хрватска-Партија за демократски промени (СДПХ-ПДП; Socijaldemokratska partija Hrvatske–Stranka demokratskih promjena), која на крајот ќе стане Социјалдемократска партија на Хрватска во 1993 година.

Етнонационалистички прашања

уреди

Друга причина зошто Партијата ја изгубила поддршката во Хрватска била затоа што била обвинета дека е доминирана од српското малцинство. Српското влијание понекогаш било навистина непропорционално. Во 1989 година, 30% од членовите на СКХ биле Срби, додека нивниот вкупен процент во републиката бил помал од 13%.

Србите двапати ја претседавале партијата, еднаш до 1942 година со Раде Кончар, другиот од 1986 до 1989 година од Станко Стојчевиќ.

Етнички состав на владите

уреди

Влада од 14 април 1945 година

Влада од 22 октомври 1949 година

Извршен комитет од 7 февруари 1953 година

  • 18 Хрвати
  • 3 Срби
  • 3 припадници од непозната или непријавена етничка припадност

Извршен комитет пролет 1958 година

  • 16 Хрвати
  • 2 Срби
  • 6 припадници од непозната или непријавена етничка припадност

Извршен комитет од 1963 година

  • 5 Хрвати
  • 6 припадници од непозната или непријавена етничка припадност

Партиски водачи

уреди
  1. Андрија Хебранг (1942 – октомври 1944) (1899–1949)
  2. Владимир Бакариќ (октомври 1944 – 1969) (1912–1983)
  3. Савка Дабчевиќ-Кучар (1969 – 1971) (1923–2009)
  4. Милка Планинц (14 декември 1971 – мај 1982) (1924–2010)
  5. Јуре Билиќ (мај 1982 – 1 јули 1983) (1922–2006)
  6. Јосип Врховец (1 јули 1983 – 15 мај 1984) (1926–2006)
  7. Мика Шпиљак (15 мај 1984 – мај 1986) (1916–2007)
  8. Станко Стојчевиќ (мај 1986 – декември 1989) (1929-2009)
  9. Ивица Рачан (13 декември 1989 – 1990) (1944–2007)

Преродба

уреди

На 29 ноември 2004 година - датумот специјално избран за Ден на Републиката, поранешен државен празник во СФРЈ - група дисиденти на Социјалистичката работничка партија на Хрватска во Вуковар се обиделе да основаат нова политичка партија наречена Комунистичка партија на Хрватска, но на крајот не успеале да ја регистрираат и организираат.[2] Новата Комунистичка партија на Хрватска (2013) [hr] е основана во 2013 година и станала регистрирана партија во истата година.[3]

Оваа нова партија не треба да се помешана со КПХ/СКХ, бидејќи, за разлика од Социјалдемократската партија на Хрватска, партијата од 2013 година не е нејзин формален наследник.

Конгреси

уреди
Конгрес на Сојузот на комунистите на Хрватска
Конгрес Почеток Крај Времетраење Место на одржување
1. 1 август 2 август 1937 2 дена Самобор
2. 21 ноември 25 ноември 1948 5 дена Загреб
3. 26 мај 28 мај 1954 3 дена Загреб
4. 7 април 10 април1959 4 дена Загреб
5. 26 април 29 април1965 4 дена Загреб
6. 5 декември 7 декември 1968 3 дена Загреб
7 7 април 9 април1974 3 дена Загреб
8. 24 април 26 април 1978 3 дена Загреб
9. 13 мај 16 мај 1982 4 дена Загреб
10. 16 мај 18 мај 1986 3 дена Загреб
11. 11 декември 13 декември 1989 3 дена Загреб
12. 3 ноември 1990 1 ден Загреб

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Glišić & Borković 1975:"... Александар Ранковић. Он је око три месеца вршио дужност секретара ЦККПЈ Хрватске,"
  2. „KOMUNISTIČKA PARTIJA HRVATSKE“. komunisti-hrvatske.com (хрватски). Архивирано од изворникот на 2005-12-03.
  3. Glasistre.hr: Registrirana Komunistička partija Hrvatske Архивирано на 20 октомври 2013 г., preuzeto 20. listopada 2013.

Извори

уреди