Република Српска Краина

Република Српска Краина — самопрогласена, меѓународно непризнаена српска република, која постоела помеѓу 1991 и 1995 година на територијата на Хрватска. Според неофицијални проценки, во 1993 г. РСК имала 435.595 жители и зафаќала површина од 17.028 км2, што е околу 30% од територијата на СР Хрватска.

Република Српска Краина
Republika Srpska Krajina
Република Српска Крајина
Знаме Грб
ХимнаБоже правде / Bože pravde
Главен градКнин
Најголем град главниот град
Службен јазик српски
Уредување Република
 •  Претседател Милан Мартиќ
 •  Премиер Милан Бабиќ
Површина
 •  Вкупна 17 028 км2 
 •  Густина 25.6 жит/км2 
Валута Српски динар

Главен град на РСК бил Книн (12.000), а останати поголеми градови биле Вуковар (33.000) и Петриња (19.000). Најголемиот дел од популацијата го сочинувале Срби (91%), потоа Хрвати (7%) и други (2%).

РСК неофицијално се граничела со Хрватска, СР Југославија, Босна и Херцеговина и Унгарија.

Најголемиот дел на Република Српска Краина бил преземен од вооружените сили на Хрватска со операциите "Блесок" (Западна Славонија) и "Бура" (Северна Далмација, Лика, Кордун и Банија), во мај и август 1995 г. По извршувањето на овие операции биле протерани околу 350.000 етнички Срби.

Претседатели

уреди

Премиери

уреди