Слатино (Тетовско)

село во Општина Теарце, Тетовско
(Пренасочено од Слатино(Тетовско))

Слатино — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.

Слатино
Слатино во рамките на Македонија
Слатино
Местоположба на Слатино во Македонија
Слатино на карта

Карта

Координати 42°4′4″N 21°2′15″E / 42.06778° СГШ; 21.03750° ИГД / 42.06778; 21.03750
Општина Теарце
Население 3.198 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1204
Шифра на КО 28076, 28576
Надм. вис. 475 м
Слатино на општинската карта

Атарот на Слатино во рамките на општината
Слатино на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Историја

уреди

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) под името Ислатина со 64 семејства, 4 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[2]

Според турски документи од 1628 година село Ислатине се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 39 семејства (домаќинства).

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.628—    
19531.724+5.9%
19612.008+16.5%
19712.707+34.8%
19813.422+26.4%
ГодинаНас.±%
199159−98.3%
19943.893+6498.3%
20024.112+5.6%
20213.198−22.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Слатино живееле 345 жители, од кои 275 Албанци и 70 Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слатино имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Албанци и 100 Македонци.[5]

На пописот од 2002 година, селото имало 4.112 жители, од кои 11 Македонци, 4.018 Албанци, 7 Роми, 1 Србин и 75 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.198 жители, од кои 3.125 Албанци, 6 Роми, 2 останати и 65 лица без податоци.[7]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.628
1953 112 1.605 1 1 ... 5 1.724
1961 88 1.870 46 ... ... ... 4 2.008
1971 85 2.591 22 ... ... 9 2.707
1981 61 3.326 2 11 ... 22 3.422
1991 48 5 5 1 59
1994 39 3.834 18 1 ... 1 3.893
2002 11 4.018 7 1 75 4.112
2021 3.125 6 2 65 3.198

Родови:

уреди
  • Родот Тркаљач (49 куќи) доселени во почетокот на XIX век од селото Топојане, кое се наоѓа во областа Љума, северна Албанија.[9]

Родови

уреди

Слатино е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Македонци: Урошовци (18 к.) најстари селски доселеници. Доселени се од некое село во Овче Поле. Имаат иселеници во Лешок, Тетово (четири семејства), Туденце, Теарце, Белград (едно семејство) и во Бугарија (едно семејство); Ѓоровци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од соседното село Варвара. Таму припаѓале на родот Коачовци, подалечно потекло имаат од областа Љума во северна Албанија.
  • Албанци: Нузолар (18 к.), Акуље (11 к.), Адиловци (5 к.), Канче (16 к.), Топал (7 к.), Шкунделер (10 к.), Одолар (6 к.), Масалари (17 к.), Ибишовци (26 к.), Идризолар (17 к.), Амоќе (6 к.), Мале Зи (3 к.), Ајрадиновци (3 к.) нивното потекло е од северна Албанија, од Топојани во Љума, Малесија, итн. Некои од овие родови припаѓаат на фисот Красниќи; Рамадановци (6 к.), Имеровци (10 к.), Меметовци (47 к.), Кољовци (14 к.), Салепчи (3 к.) и Кољовци (14 к.) нивните куќи се наоѓаат во торбешкото маало. Нивното потекло е торбешко. Порано зборувале на македонски. Како место на потекло го наведуваат некое место Ќафа во Албанија, да не Ќафа кај граничниот премин во струшко?.[10]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 2017, 2018, 2019 и 2020 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.961 гласач.[12]

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Покрај наведените иселеници при описот на родовите, се знае и за следните иселеници од селото. Шоповци (4 к.) се иселиле во селата Лешок и Ратае. Нивното потекло било од Сириниќ во Косово. Богојевци (2 к.) се иселиле во Лешок и Теарце. Салија (1 к.) Албанец, се иселил во селото Непроштено.[10]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.344
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 210.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 122-123.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  9. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 12 стр.
  10. 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Лешок треба да биде седиште на Полошко-кумановската епархија“. Дневник. Посетено на 2010-04-29.

Надворешни врски

уреди