Синајско-палестински поход

Синајско-палестински поход — поход текот на Првата светска војна претставувал серија од битки кои се случиле на Синај, Палестина и Сирија во периодот од 28 јануари 1915 до 28 октомври 1918 година. Војната се водела меѓу Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд од една страна и Отоманското Царство и Германското Царство од друга страна.

Синајско-палестински поход
Дел од Прва светска војна
Датум 28 јануари 1915 – 30 октомври 1918
Место Египет, Палестина и Сирија
Исход победа на сојузниците
Територијални
промени
Поделба на Отоманското Царство
Завојувани страни
 Британска Империја

Арапско востание Арапски востаници
 Франција
Италија Кралство Италија

 Османлиско Царство

Германско Царство Германско Царство
 Австроунгарија

Сила
јануари 1915:
150,000 [1]
September 1918:
467,650 men[2][3]
септември 1917:
~57,000[4]

Заднина

уреди

Египет во 1914 година сè уште бил дел од Османликсата Империја за повеќе од 400 години и покрај окупацијата на земјата од Британците во 1882 година по Англо-египетската војна кога земјата станала британски протекторат. Суецкиот Канал бил од огромно стратешко значење за Британците поради патот кој водел кон Индија, Нов Зеланд и Австралија[5]. Египет станал главна база во текот на војната особено во времето на Галиполската операција. Непријателствата меѓу двете големи империи започнала во ноември 1914 година кога 30,000 британски војници извршиле евакуација на Синајскиот Полуостров.

Синајски поход

уреди

Нападот на Суецкиот Канал започнал на 28 јануари 1915 година и завршил на 3 февруари 1915 година на инсистирање на Германија[6][7]. Во овој период за напад на Египет постоеле две можности. Првата била Арапите да ги нападнат Британците како окупатори а другата била османлиските сили.

Османлиите прогласиле џихад со намера Арапите да се вклучат на нивна страна. Четвртата турска армија на чело со Џемал Паша броела околу 20.000 војници. Џемал бил еден од тројцата паши кои ја контролирале османлиската власт. Нападот на Суецкиот Канал го предложил Енвер Паша како главен командант на армијата. За заштита на своите интереси Британците мобилизирале околу 70,000 војници во Египет на чело со генерал Џон Максвел.

Кон средината на јануари турската армија започнала да го преминува Синај. Цело време тие биле пратени од страна на британските авиони. До Суецкиот Канал пристигнале на 28 јануари по кое француските и британските бродови отвориле оган кон турските единици. Главниот турски напад се случил на 3 февруари но истиот завршил без успех и довело до турско повлекување кон Биршеб. Османлиите имале околу 1,500 жртви и во овој напад се покажало дека Арапите се малку заинтересирани да се вклучат во светата војна.

Во следниот период немало големи борби главно поради тоа што Турците биле зафатени со Кавкаскиот поход и Галиполската операција. Во јули 1916 Османлиите тргнале во уште една офанзива кон Суец. Турската армија повторно се сретнала до добро подготвената британска армија кај Романи. По само два дена од конфликтот на 5 август 1916 година тие морале да се повлечат. Овој конфликт го означил крајот на одбранбената кампања на Суецкиот Канал. Во почетокот на октомври Британците започнале операција во Синајската пустина во близина на границата со Палестина. Во првата битка успеале да ја заземат тврдината Магдаб на 23 декември 1916 година, а на 8 јануари го зазеле и Рафа.

Палестински поход

уреди

По овие успеси британските сили во Египет добиле задача да ја нападнат Палестина. Делумно ова било поврзано со избувнувањето на т.н. Арапско востание кое започнало на почетокот на 1916 година. На 26 март 1917 година била нападната Газа но нападот не бил успешен. По овој неуспех британската влада наредила освојување на Ерусалим но тие не биле доволно припремени бидејќи претходно требало да бидат уништени турските одбранбени линии во сојуз со германските. Така на 17 април 1917 година бил извршен втор напад на Газа. Нападот бил поддржан од бродска артилерија и неколку тенкови но нападот повторно не бил успешен. Во овој напад Британците имале 5,000 жртви. По овој неуспех следувала подготовката за Ерусалим а британските сили добиле дополнителни три пешадиски девизии, авијација и артилерија.

Османлиите во тоа време војувале на три фронта: Месопотамија, Арабија и Газа, а освен тоа голем дел од своите сили сè уште биле покрај престолнината Истанбул и на Кавказ. Третиот напад на Газа завршил успешно за Британците кога Турците биле принудени да се повлечат. По оваа победа, Британците започнале напад кон Ерусалим. На чело на турските сили бил германскиот генерал Ерих фон Фалкенхајн, кој добил засилување за планираната контраофанзива. Пред конфликтот и двете страни добиле наредба да избегнуваат борби во Стариот град на Ерусалим каде се наоѓаат светите места на три религии. Ерик фон Фалкенхајн наредил да бидат изведени серија од напади врз британската армија. Турците се утврдиле на многу места околу Ерусалим. Аленбај ги регрупирал своите сили и му наредил на командант Филип да го преземе градот. Британците го нападнале градот а на 8 декември ги зазеле врвовите западно од Ерусалим, па со овој успех извршиле и друга атака јужно од Витлеем. Турците не можеле ни овде да се спротивстават па така на 9 декември 1917 година британците го зазеле градот Ерусалим. Генералот Аленбај на 11 декември влегол во градот. Во градот била прогласена воена управа а стражата била поставена и во Витлеем сè со цел да бидат заштитени светите места на трите религии.

Во Велика Британија, освојувањето на Светиот Град бил протолкуван како конечна победа во Крстоносните војни. Тоа за Велика Британија било најголемото политичко напредување по три години неуспешна војна. Освојувањето на Ерусалим и неуспехот на Ерик фон Фалкенхајн довеле до големо намалување на моралот на турската армија. Борбите продолжиле и околу месните брда во кои борби Турците се здобиле со појачување на армијата. На Божик, Турците се обиделе повторно да го заземат градот но британците не им го дозволиле тоа, при кое им нанесиле и голем број на човечки жртви. Сојузниците ја прославиле подедата кај Ерусалим. Но сојузниците ма другите фронтови доживеале неуспех. Така, Русија била веќе повлечена од војната бидејќи избувнала Октомвриската револуција, на западниот фронт Битката кај Камбрај доживеала неуспех. Зазимањето на Ерусалим сојузниците го дочекале како едно големо олеснување. Со паѓањето на Ерусалим, Османлиите ја изгубиле контролата над средишна Палестина, а во 1918 година во Битката кај Мегида конечно биле протерани од овој реон.

Во текот на овој поход, Британците имале околу 550,000 жртви од кои 90% починале од болест. Османлиските жртви не се точно познати, но се претпоставува дека биле доста поголеми. Британското освојување на Палестина довело до создавање на Британски мандат во Палестина и Трансјорданија.

Наводи

уреди
  1. Erickson 2001, p. 71
  2. Cemal Kemal, The Last Battle of the Ottoman State on the Palestine Front, Ankara University [Institute for Modern Turkish History (Atatürk Yolu journal, number 45, 2010, page 59 (footnote 94))].
  3. Erickson 2007, p. 154
  4. Erickson 2007, pg. 101
  5. Perry 2009, pp. 51–52
  6. Keogh 1955, p. 21
  7. Erickson 2001, pp. 70–1