Битка кај Ерусалим (1917)
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Битката кај Ерусалим во 1917 година — битка која одвила помеѓу Велика Британија и Отоманското Царство за време на Првата светска војна. На 9 декември 1917 година, британците влегле во градот.
Подготовка
уредиБританската војска претходно издвојувала победа за Египет во ноември 1917 година под раководство на новопоставениот генерал Аленбај. Турците немале друго решение освен да се повлечат кон исток. Во Битката кај Маугар, Турците повторно биле поразени во средината на ноември. По оваа победа, британската војска се упатила кон Ерусалим. Левото нејзино крило се упатило кон Јафа, а десното кон Јудеја. Командант на турските сили во Палестина бил германскиот генерал Ерик фон Фалкенхајн. Генералот знеал дека го очекува голема битка па затоа тој добил дополнително појачување во контраофанзивата против британската војска. И двете страни добиле налог да го избегнуваат Ерусалим, Светиот град како бојно поле.
Падот на Ерусалим
уредиЕрик фон Фалкенхајн наредил да бидат изведени серија од напади врз британската армија. Турците се утврдиле на многу места околу Ерусалим. Аленбај ги регрупирал своите сили и му наредил на командант Филип да го преземе градот. Британците го нападнале градот а на 8 декември ги зазеле врвовите западно од Ерусалим, па со овој успех извршиле и друга атака јужно од Витлеем. Турците не можеле ни овде да се спротивстават па така на 9 декември 1917 година британците го зазеле градот Ерусалим.
Влегувањето на генералот Аленбај во Ерусалим
уредиГенералот Аленбај на 11 декември влегол во градот. Во градот била прогласена воена управа а стражата била поставена и во Витлеем сè со цел да бидат заштитени светите места на трите религии. Во Велика Британија, освојувањето на Светиот Град бил протолкуван како конечна победа во Крстоносните војни. Тоа за Велика Британија било најголемото политичко напредување по три години неуспешна војна.
Турски противнапад
уредиОсвојувањето на Ерусалим и неуспехот на Ерик фон Фалкенхајн довеле до големо намалување на моралот на турската армија. Борбите продолжиле и околу месните брда во кои борби Турците се здобиле со појачување на армијата. На Божик, Турците се обиделе повторно да го заземат градот но британците не им го дозволиле тоа, при кое им нанесиле и голем број на човечки жртви.
Последици
уредиСојузниците ја прославиле подедата кај Ерусалим. Но сојузниците ма другите фронтови доживеале неуспех. Така, Русија била веќе излезена од војната бидејќи избувнала Октомвриската револуција, на западниот фронт Битката кај Камбрај доживеала неуспех. Зазимањето на Ерусалим сојузниците го дочекале како едно големо олеснување. Со паѓањето на Ерусалим, тирците ја изгубиле контролата над средишна Палестина, а во 1918 година во Битката кај Мегида конечно биле протерани од ова подрачје.
Литература
уреди- First World War.com: The Fall of Jerusalem, 1917
- Tucker, Spencer The Great War: 1914-18 (1998)