Национален уметник на Македонија

Национален уметник на Република Македонија — титула која ја доделува Претседателот на Република Македонија врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија. Се доделува на уметник кој создава дела од уметничкото творештво или изведува дела како актер, режисер, костимограф, сценограф, ликовен уметник, фотограф и архитект, вокално-инструментален солист, диригент, композитор, писател, сценарист, кореограф и балетски уметник.

Претседателот Ѓорге Иванов му ја врачува титулата „Национален уметник“ на пијанистот Симон Трпчески

Титулата почнала да се доделува од 2011 г. согласно посебно донесениот закон за оваа титула. Секој носител на титулата доживотно секој месец добива 60.000 денари и има право да му се издаде монографија за неговото творештво од буџетот на државата.

Наградата за последен пат била доделена во 2016-та година, кога била укината.

Со законот со кој истата била укината, на националните уметници кои веќе се стекнале со титулата им се гарантирала натамошна исплата на вклучената сума.[1]

Критериуми

уреди

Титулата претставува е највисоко признание од областа на културата во земјата и се доделува на уметник кој исполнува општи и поединечни критериуми:[2]

Општи критериуми

уреди
  • Наградениот треба да им исклучителен придонес во градењето и унапредувањето на културата и уметноста на Република Македонија, како и за нејзина афирмација во светот; или
  • Да е добитник на една од следниве државни награди: „11 октомври“ за животно дело, „11 октомври“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста, „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста или „23 октомври“ за долгогодишни остварувања во културата.

Поединечни критериуми

уреди

Покрај општите критериуми, уметникот од областа на ликовната уметност треба да исполнува поединечни критериуми за остварувања во земјата и странство, кои се разликуваат во зависност од дејноста и творештвото на уметникот. Тие се наведени во Член 3 од Закон за националниот уметник на Република Македонија.

Носители

уреди
Име Дејност Слика Година
Симон Трпчески пијанист   2011 [3]
Милчо Манчевски режисер   2012 [4]
Есма Реџепова пејачка на ромска и македонска народна музика   2013 [5]
Борис Трајанов оперски пејач 2014 [6]
Ана Дурловски оперска певица 2015 [7]
Никола Маџиров поет 2016[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ваљакова, Гордана Милошевска (2017-09-14). „Се укинува наградата Национален уметник“. NetPress. Посетено на 2022-06-18.
  2. „Закон за националниот уметник на Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р Македонија, бр.47. Скопје. 8 април 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-02-07. Посетено на 28 јули 2014.
  3. „Симон Трпчески ја доби титулата национален уметник на Македонија“. Утрински весник. 1 септември 2011. Посетено на 28 јули 2014. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)[мртва врска]
  4. „1.000 евра месечно за Милчо Манчевски“. Вечер. 22 мај 2012. Посетено на 28 јули 2014. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)[мртва врска]
  5. „Есма Реџепова ја прими титулата национален уметник на Македонија“. Утрински Весник. 13 септември 2013. Посетено на 28 јули 2014.[мртва врска]
  6. „Борис Трајанов, национален уметник за 2014“. Вест. 25 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 28 јули 2014.
  7. „Ана Дурловски е национален уметник за 2015 година“. Cooltura. 8 септември 2015. Посетено на 8 септември 2015.[мртва врска]
  8. http://sitel.com.mk/nikola-madzhirov-nacionalen-umetnik-za-2016

Надворешни врски

уреди