Халкидик

полуостров во Егејска Македонија
(Пренасочено од Халкидик (полуостров))

Халкидик или Халкидички Полуостров (грчки: Χαλκιδική, Халкидики) — полуостров во Егејска Македонија, денес во Грција. Сместен е помеѓу Солунскиот и Струмскиот Залив. Денес е дел од облата Централна Македонија.

Германска карта на Халкидик

Во првата етно-географска карта на Македонија од Димитрија Чуповски полуостровот е напишан под името Халкидонски Полуостров. На самиот тој полуостров длабоко во Егејско Море навлегуваат три помали полуострови: Касандра, Лонгос и Света Гора (Атос).

Административна поделба

уреди
 
Карта на населени места на Халкидичкиот полуостров

Поголемиот дел од полуостровот му припаѓа на истоимениот округ Халкидик. Северниот дел влегува во Солунскиот округ, а југоисточниот ракав е во состав на монашката република Света Гора.

Поврзано

уреди