Доганџи
Доганџи или Дованџи (грчки: Άγιος Αντώνιος, Агиос Андониос; до 1927 г. Δογαντζή, Доганѕи[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Седес на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 546 жители (2021).
Доганџи Άγιος Αντώνιος | |
---|---|
Координати: 40°26.12′N 23°5.35′E / 40.43533° СГШ; 23.08917° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Седес |
Општ. единица | Царево Село |
Надм. вис. | 303 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 546 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на Халкидичкиот Полуостров, јужно од Солун и јужно од Седес. Лежи на планината Холомонда.
Историја
уредиБоривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Доганџи било турско село, не наведувајќи го бројот на жители.[3]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 13 жители, кои во 1920 г. се накачило на 20 лица.[4] Во 1924 г. населението на Доганџи како турско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На негово место се доселени грчки доселеници — околу 80 % Понд (претежно од селото Агиос Андониос), 25 % Каракачани и 5 % од Тракија. Во 1927 г. е преименувано во Агиос Андониос, по старото село на највеќето дојденци. Во 1928 г. Доганџи е претставено како наполно дојденско село со 9 семејства сочинети од 37 лица.[5]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Хасапли[6] | Χασαπλή | Халасмата | Χαλάσματα[7] | бивше село на СЗ од Доганџи[6] |
Хасапли[6] | Χασαπλή | Корифи | Κορυφή[7] | возвишение на СЗ од Доганџи (399,5 м)[6] |
Махмутли[6] | Μαχμουτκλή | Плагиес | Πλαγιές[7] | месност на СИ од Доганџи[6] |
Варџилар[6] | Βαρζελάρ | Спитакија | Σπιτάκια[7] | бивше село на Ј од Доганџи[6] |
Патели[6] | Πατέλι | Смикси | Σμιξι[7] | месност на Ј од Доганџи[6] |
Колауслу[6] или Колаусла | Κολάουσλα | Спита | Σπίτια[7] | поранешно село на ЈИ од Доганџи[6] |
Чаири[6] | Τσαΐρια | Дендрулија | Δεντρούλια[7] | месност на Ј од Чели и на ЈИ од Доганџи[6] |
Асликија[6] | Άσλίκια | Плеврес | Πλεϋρες[7] | месност на Ј од Чели и на ЈИ од Доганџи[6] |
Турлас[6] или Турлос | Τοϋρλος | Трулос | Τρούλος[7] | врв на Ј од Чели и на ЈИ од Доганџи[6] |
Пелит[6] | Πελίτ | Плагијада | Πλαγιάδα[7] | месност на ЈИ од Чели[6] |
Чам Дере | Τσάμ Ντερέ | Рема | Ρέμα[7] | река |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | — | — | — | 779 | 647 | 546 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 32.
- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 316. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 6,13 6,14 6,15 6,16 6,17 6,18 6,19 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 669. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 208): 1478. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)