Ново Село (Седес)
Ново Село или Ени Ќој (грчки: Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Седес на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.152 жители (2021).
Ново Село Αγία Παρασκευή | |
---|---|
Координати: 40°28.53′N 23°2.55′E / 40.47550° СГШ; 23.04250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Седес |
Општ. единица | Царево Село |
Надм. вис. | 95 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 2.152 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во северозападниот дел на Халкидичкиот Полуостров, на околу 20 км јужно од Солун.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот од XIX век Ново Село било село во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ново Село (Novo-Selo) имало 36 домаќинства сочинети од 164 жители Македонци.[2][3]
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ени Ќој живееле 121 Македонци.[2][4]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Јени-Ќој (Yeni-Keuy) имало 105 жители Грци и во селото имало грчко основно училиште со двајца учители и 45 ученици.[5]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. Ново Село е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 120 жители, кои во 1920 г. нараснале на 180 лица.[6] Во 1920-тите тука биле сместени грчки доселеници. Во 1928 г. Ново Село е претставено како дојденско село со 134 семејства сочинети од 537 лица.[7] Според Тодор Симовски таа година во Ново Село имало 943 жители, од кои 138 биле грчки доселенички семејства, а останатите биле староседелци. Од дојденците, 77 семејства биле од Источна Тракија, 48 од Мала Азија, 12 од Понд и 1 од Бугарија.[6]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Халепли[8] | Χαλεπλή | Дендрулия | Δεντρούλια[9] | месност на Ј од Ново Село[8] |
Карши Маале[8] | Καρσί Μαχαλέ | Халасомена | Χαλασμένα[9] | поранешна населба на ЈИ од Ново Село[8] |
Чардаци[8] | Τσαρδάκια | Варика | Βαρικά[9] | месност на СИ од Ново Село[8] |
Текне Трла[8] | Τεκνέ Ταρλά | Амбелия | Άμπέλια[9] | месност на СЗ од Ново Село[8] |
Стопанство
уредиНаселението се занимава претежно со земјоделство, а делумно и со сточарство.[6]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 805 | 841 | 810 | 655 | 627 | 711 | 1.226 | 2.244 | 2.152 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 152–153. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 142. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 220–221.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 319. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 669. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 208): 1478. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)