Турханли
Турханли или Троханли (грчки: Λακκιά, Лакија; до 1927 г. Τροχανλή, Троханли[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Седес на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 398 жители (2021).
Турханли Λακκιά | |
---|---|
Воздушен поглед на селото | |
Координати: 40°31′N 23°6′E / 40.517° СГШ; 23.100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Седес |
Општ. единица | Царево Село |
Надм. вис. | 100 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 398 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено во северозападниот дел на Халкдичкиот Полуостров, околу 35 км југоисточно од градот Солун, во непосредна близина на патот Солун-Ерисово (ЕО16), во јужното подножје на планината Хортач, на надморска височина од 100 м.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Турханли било турско село во Солунската каза на Солунскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Турханли имало 85 жители Турци.[4]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 59 жители, кои поради војните во 1920 г. се зголемиле на 101 лице.[3]
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 29 бегалски семејстви (вкупно 98 бегалци) од селото Дереќој во Мала Азија[5], така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Лакија (Λακκιά).[2]
Стопанство
уредиСелото е полупланинско и прилично бедно. Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 271 | 277 | 314 | 295 | 303 | 275 | 432 | 438 | 398 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Царево Село со седиште во истоимената населба, која припаѓа на поголемата општина Седес, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Царево Село, во кој влегува и истоименото село.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква[6]
Параклиси
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 18 септември 2024.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 344.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 142. ISBN 954430424X.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Βασιλικά – Λακκιά“. Δήμος Θέρμης. Архивирано од изворникот на 2014-11-04. Посетено на 18 септември 2024.
- ↑ „Ιεροί Ναοί“. Ιερά Μητρόπολη Κασσανδρείας. Архивирано од изворникот на 2014-11-03. Посетено на 18 септември 2024. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help)