Св. Еразмо (базилика)

археолошко наоѓалиште во Македонија
(Пренасочено од Св. Еразмо (Охрид))
Св. Еразмо

Остатоци од базиликата

Карта

Местоположба 41°08′26.52″N 20°45′46.67″E / 41.1407000° СГШ; 20.7629639° ИГД / 41.1407000; 20.7629639
Основни податоци
Место Охрид
Општина Охрид
Тип

 населба


Период среден век
Портал „Археологија“

Св. Еразмоархеолошко наоѓалиште во Охрид. Претставува базилика и некропола од старохристијанско време. Наоѓалишето е прогласено е за културно наследство на Македонија.

Се наоѓа на 5-тиот километар од Охрид кон Струга, во јужното подножје на Габовски Рид и во непосредната близина на црквата „Св. Еразмо“ од XIII век. Овде, во некогашните ниви на Ѓорше Китразов од Охрид со систематските археолошки истражувања во 1974 и 1975 година од страна Заводот и музеј во Охрид (на чело со на Владо Маленко), се откриени остатоци од темели на трикорабна базилика и раносредновековна некропола од која се истражени 124 гробни целости, во кои погребувањата започнуваат од крајот на VI и комбинирано течат до XII век. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.[1]

Базилика

уреди

Самата базилика кај Св. Еразмо, откриена во 1974 година, се наоѓа на 7 км од Охрид на патот за Струга (А3), во близината на средновековната црква посветена на св. Еразмо. Базиликата е монументална, со димензии од 53 × 25 метри. Покрај трикорабниот наос, има простран атриум, нартекс, бочни анекси и крстилница. Нартексот и наосот се покриени со мозаици со геометриска орнаментика и животински претстави. Олтарниот простор е поплочен со мозаик во опус сектиле, единствено тука застапен во охридскиот регион. Според стилот на мозаиците, може да се датира кон средината на V век.[2]

Некропола

уреди

Околу базиликата е откриена средновековна некропола во два слоја. Постариот ѝ припаѓа на археолошката култура Комани-Круе (VIIIX век). Овие гробови се сместени во централниот и северниот кораб на базиликата, и имаат насоченост С-СИ, СИ-ЈЗ, СЗ-ЈИ, со мошне богати гробни дарови — керамички садови, алатки, оружје, бронзени и железни лачни фибули со подвиена нога, плочести фибули, приврзоци за појас, бронзени и позлатени обетки и наушници, метални торквеси со и без прапорчиња, ѓердани од стаклена паста, престени, метални токи, прстени итн.[3]

Поновите гробови се сместени во јужниот кораб и јужно од базиликата, насочени З-И, поредени во редови со ретки наоди (без сомнение христијански) и содржат вообичаени примероци на средновековен накит од X до XII век.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 273. ISBN 9989-649-28-6.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 262. ISBN 9989-649-28-6.
  3. 3,0 3,1 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Свети Еразмо - Охрид“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1325. Text "series " ignored (help)