Свети Тодор (Леринско)

село во Леринско, Егејска Македонија

Свети Тодор или Черкезќој (грчки: Λιμνοχώρι, Лимнохори; до 1926 г. Τσερκέζκιοϊ, Церкезќој[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 257 жители (2011). Сè до 1881 г. било населено исклучиво со Македонци, а подоцна станало черкеско.[3]

Свети Тодор
Λιμνοχώρι
Езерото Зазерци со селото
Езерото Зазерци со селото
Свети Тодор is located in Грција
Свети Тодор
Свети Тодор
Местоположба во областа
Свети Тодор is located in Суровичево (општина)
Свети Тодор
Местоположба на Свети Тодор во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°37.21′N 21°33.24′E / 40.62017° N; 21.55400° E / 40.62017; 21.55400Координати: 40°37.21′N 21°33.24′E / 40.62017° N; 21.55400° E / 40.62017; 21.55400
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаАјтос
Надм. вис.&10000000000000610000000610 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно257
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

ГеографијаУреди

Селото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, на источниот брег на езерото Зазерци. Се наоѓа 52 км јужно од Лерин и 6 км јужно од Ајтос

ИсторијаУреди

Селото меѓу најстарите во целата област. Со археолошките ископувања на брегот и во езерото се пронајдени остатоци од населби од неолитот и од римско време.

Во Отоманското ЦарствоУреди

Во османлискиот дефтер на христијанското население од Леринскиот вилает за 1626-27 г. селото се среќава како Исвети Тодори со 33 даночни домаќинства.[4]

Во XIX век Свети Тодор било чисто македонско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Свети Тодор (Sveti-Todor) било село со 60 домаќинства од 185 жители Македонци.[5][6] Во 1881 г. состојбата се сменила, кога турските власти го истиснале македонското население и тука населиле Черкези пребегани од Крим.[3] Жителите се преселиле во Ајтос и некои други соседни македонски села.[3] Така, местото станло познато како Черкезќој (или Черкез Ќој), што значи „черкеско село“. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Свети Тодор имал 300 Черкези и 100 Турци.[7] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во годините пред Балканските војни селото се состоело од 30 муслимански куќи.[3]

Во ГрцијаУреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи настрадало во војните, таа година селото се намалило 156 жители, а во 1920 г. во него живееле 122 лица.[3] Во 1920-тите населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Понд. Во 1928 г. селото било чисто дојденско со 126 жители од 37 семејства.[8] Во 1926 г. е преименувано воЛимнохори, што значи „езерско село“.[9]

НаселениеУреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 266 260 301 251 395 341 323 257
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

СтопанствоУреди

Селото произведува детелина, жито и сточарски преработки.[3]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσερκέζκιοϊ -- Λιμνοχώρι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 174–175.
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 333.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.84-85.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 251.
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  9. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971